Пендаровски го потпиша указот за Кривичниот законик: не гледа амнестија и ја правда одлуката

Претседателот Стево Пендаровски денеска одлучи да го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, информираа од неговиот кабинет. Според Пендраровски, со измените во Кривичниот законик, усвоени од Собранието, не е предвидена амнестија за кривичните дела сторени во вршење на службата. Напротив, казни и понатаму се предвидени за сторителите на тие дела, со тоа што …

Continue Reading

Гвардиола го сакал Дани Олмо како замена за повредениот Де Брујне

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, побарал од клубот да го ангажира офанзивниот играч за врска на Лајпциг, Дани Олмо, како замена за Кевин де Брујне, тврди каталонскиот весник „Спорт“. Барањето на стратегот дојде по повредата на бутниот мускул на Белгиецот, која ја доби во првиот првенствен натпревар на „граѓаните“ оваа сезона. Поради неа Де Брујне, кој е една од …

Continue Reading

Нова инвестиција на „Тиквеш“ во зголемување на капацитетот и квалитетот на приемот и преработката на грозјето

Винарската визба „Тиквеш“ инвестираше четири милиони евра во изградба на нов објект и набавка на современа опрема за прием и преработка на грозје, потврдувајќи ја со тоа својата долгорочна определба и стратегија за континуирани вложувања во натамошен одржлив развој и имплементација на ЕСГ стандардите. Новата постојка и вградената опрема во неа му овозможуваат на „Тиквеш“ да го зголеми вкупниот капацитет …

Continue Reading

„Колку години се случува ова?“- пациентите од Онкологија побараа детална истрага и доставија листа на барања до обвинителите

Тројца пациенти од Онкологија денес разговараа со двајцата обвинители кои ја водат предистрагата за случајот со кражбата на лекови на онкологија. Пациентите ги повикаа сите кои имаат било какви сомневања и информации да одат во Обвиниелството или пак да контактираат со нив. „Отворено ве повикуваме, не се плашете. Придружете ни се, дојдете на следната средба, споделете ја вашата приказна, дајте …

Continue Reading

За поголем економски развој клучно е поголемо вклучување на женскиот лидерски потенцијал

Поголемото учество на жените на лидерски позиции поттикнува развој и носи просперитет во секое општество. Ова го истакнаа учесничките на настанот што се одржа под мотото „Заедно успешни – ослободување на женскиот лидерски потенцијал“. Настанот го организираше АХК Сeверна Македонија, како дел од мрежата на германските стопански комори во странство и Македонско – Германското стопанско здружение заедно со својата премиум …

Continue Reading

Амбасадата на САД не знае дека Собранието ги намали казните за функционерите кои сториле криминал преку КЗ: Со нетрпение чекаме да разгледаме

Амбасадата на САД во Македонија знае дека се направени промени во Кривичниот законик, но не и дека се намалуваат казните за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување, а повеќемина ексфункционери од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе добијат слобода. Оттаму за „Макфакс“ посочуваат дека ќе проверат дали измените се согласно меѓународните стандарди. „Не ги видовме измените на Кривичниот законик неодамна …

Continue Reading

Соработката во рамки на програмата Креативна Европа е ренесанса за македонските културни уметници

На трибината „ЕУ за македонското културно богатство“, во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ која се одржа во Битола, покрај вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик амбасадорката на Република Чешка, Штајнер Вотавова, говорник беше и Филип Јовановски, визуелен уметник и културен работник. Тој во своето обраќање ги сподели искуствата во различни проекти кои …

Continue Reading

Бимилк ги изненади првачињата од социјално загрозените семејства по повод почетокот на учебната година

Заеднички со четири невладини организации, Бимилк донираше училишни ранци и млечни производи за среќен почеток на училишната година на првачињата од социјално загрозени семејства. „Кога имате секојдневие каде родителите се борат со овозможување на основни услови за живот, влегувањето во школските клупи на овие деца е момент обременет со економскиот и социјалниот елемент. А секое дете заслужува најдобри услови за …

Continue Reading

На Водно расфрлани стапици, активистите бараат од надлежните итно да постапат

Примитивни сајли во вид на стапици во кои, доколку се вплеткате, со секое помрднување се затегнуваат и засекуваат длабоко во кожата, телото, мускулите; од кои ниту едно животно не може да се спаси и умира болно и бавно со секој свој обид да избега, се поставени насекаде низ парк шумата Водно. Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ нагласува дека …

Continue Reading