Вундеркиндот на Барса, Ламин Јамал доби повик во шпанската репрезентација

Тинејџерот на Барселона, Ламин Јамал го доби првиот повик од шпанската репрезентација за квалификацисите мечеви за ЕП 2024 против Грузија и Кипар. 16-годишниот Јамал успеа да обезбеди место во првиот тим на Барселона и импресионираше на стартот на новата сезона во Ла лига, посебно на мечот со Вилјареал, каде што имаше клучна улога во 4:3 победата. Тој имаше шанси да …

Continue Reading

Затворање на 150 училишта во Велика Британија, наредило министерството за образование

Британското Министерство за образование соопшти дека наредило делумно или целосно затворање на повеќе од 150 училишта поради опасност од уривање на зградите. Ризикот од рушење постои затоа што за изградбата на зградите се користел автоклавен газобетон (RAAC), пренесува „Sky News“. „Неодамнешните случаи на рушење ја намалија нашата доверба дека училиштата градени на таков начин се безбедни“, се вели во соопштението …

Continue Reading

Охриѓанка ставила марихуана и таблета во шише и преку брза пратка ги испратила на маж во психијатриска болница

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.У.(22) од Охрид. Таа се сомничи за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријавената, како што соопштија од МВР ставила марихуана и таблета МДМА во шише и како пратка преку брза пошта му го испратила на С.Б.(21) од Охрид, кој бил на издржување судска мерка …

Continue Reading

Вучиќ: Курти планира да ги уапси сите Срби подготвени да го бранат северот на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска во Палиќ дека косовскиот премиер Албин Курти „има намера да ги уапси сите Срби за кои мисли дека се физички и интелектуално способни да го бранат северот“ на Косово „за да не може да протера луѓе или да го окупира Северот“. На новинарите им порача и дека на Белград му претстои тежок период, но …

Continue Reading

Стотици мигранти пристигнаа во Грција преку Турција

Повеќе од 400 мигранти со брод од Турција стигнаа до грчките острови во Егејското Море за помалку од два дена, соопштија грчките власти, меѓу кои и 51 лице кои стигнале до луксузното летувалиште Миконос. Моторната јахта која во средата превезуваше 42 мажи, осум жени и едно дете на Миконос беше запрена неколку часа подоцна кај островот Патмос во источниот дел …

Continue Reading

Нападнати и повредени тројца малолетници од Скопје: приведено 16-годишно момче

Вчера полициски службеници од СВР Скопје привеле 16-годишен малолетник поради основано сомнение дека извршил кривично дело разбојништво во обид. Тој на 28.08.2023 околу 20.30 часот во трговски центар на подрачје на Центар, заедно со уште едно лице со остар предмет нападнале тројца малолетници од Скопје и им нанеле повреди. Против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Continue Reading

Му се заканиле со нож на вработениот и го повредиле: две лица ограбиле казино во Струмица

СВР Струмица поднесе кривична пријава против И.Е.(22) од Скопје и С.А.(19) од Струмица. Тие според полицијата се сомничат за сторено кривично дело „разбојништво“. На 13.08.2023 во казино во Струмица, пријавените со закана кон вработениот Р.Ј.(23) од Струмица одзеле пари од дневниот промет, при што употребиле нож и му нанеле повреда.

Continue Reading

Пентагон: Вагнер во основа е готов

Портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Патрик Рајдер рече дека смртта на основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, во суштина е крај на паравоената група. Новинарите го потсетија Рајдер на тврдењата изнесени минатата година дека Северна Кореја му продавала оружје на Вагнер и прашаа дали тој верува дека договорот за оружје меѓу Северна Кореја и Вагнер е завршен. Рајдер, потсетувајќи се на …

Continue Reading

ПСЖ го купува Рандал Коло Муани за 90 милиони евра

Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт е многу блиску до продажба на Рандал Коло Муани на Пари Сен Жермен за 90 милиони евра, откри „Радио Монте Карло“. На истекот на летниот преоден ројк, францускиот репрезентативен напаѓач ќе стане дел од тимот на Луис Енрике. Пред два дена, Коло Муани одби да тренира со германскиот тим откако беше одбиена понудата од 80 милиони …

Continue Reading