Кривична против маж од Студеничани за криумчарење мигранти

Одделението за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против 28-годишниот М.А. од Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, извести МВР. – На 27.08.2023 на автопатот Скопје – Куманово, пријавениот со патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки превезувал пет лица мигранти од Сирија, соопшти МВР.

Continue Reading

Приведен криминалец баран со потерница за 6-годишна затворска казна

Денеска во 15.00 часот на улица „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Свети Николе, со живеалиште во Скопје, извести МВР. – Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело по …

Continue Reading

Јужна Африка: Повеќе од 70 загинати во пожар во петкатница во Јоханесбург

Најмалку 73 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени кога пожар избувна во станбен блок во јужноафриканскиот град Јоханесбург, соопштија властите. Официјални лица велат дека се уште не е јасно што го предизвикало пожарот во петкатницата во центарот на градот. Роберт Мулауџи, портпарол на службата за итни случаи, изјави за Би-Би-Си дека пожарникарите успеале да спасат некои жители. Тој …

Continue Reading

(Видео) Ангелов: Воспоставена е контрола врз пожарот меѓу Дојран и Богданци до границата со Грција

Пожарот што попладнево изби во близина на границата со Грција, помеѓу Богданци и Дојран, е ставен делумно под контрола, извести директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. – Горат уште два крака. Благодарение на одличното дејство на ер-тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување, но и на пожарникарите на Дојран и Гевгелија кои спречија да се прошири огнот кон полето затоа што …

Continue Reading

Иран: Доживотна забрана за кревање тегови поради фотографирање со Израелец

Иранската федерација за кревање тегови му забрани на Мустафа Раџаи доживотно да се натпреварува поради разговор и ракување со израелски натпреварувач на Светското првенство. Раџаџи го освои сребрениот медал и се качи на подиумот заедно со бронзениот медал од Израел на натпреварот во Полска. Поради тоа, федерацијата му изрече доживотна забрана за влез во сите спортски објекти во државата. Иранските …

Continue Reading

Опожарено возило во Аеродром

Вчера вечер во 21.42 часот во СВР Скопје, 46-годишниот Г.Ц. од Скопје пријавил дека на подрачје на општина Аеродром било опожарено неговото патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, извести МВР. – Според пријавеното, тој самиот го изгаснал пожарот, додаваат од МВР. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Ограбена обложувалница во Центар

Вчера вечер во 22.34 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на општина Центар, две лица со закана кон вработената одзеле пари од дневниот промет, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Вучиќ разговараше со украинскиот амбасадор: Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска разговараше со украинскиот амбасадор Володимир Толкач, кому му го пренесе ставот на Србија за прашањето за неповредливоста на границите и почитувањето на Повелбата на Обединетите нации, нагласувајќи дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина и ќе продолжи да го прави тоа во иднина. Искрен и отворен разговор со амбасадорот Толкач за билатералната соработка, за …

Continue Reading

Уапсен маж од виничко, се сомничи дека допирал по тело 26-годишна Германка

Вчера вечер во 21.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода 60-годишниот Т.Ј. од село Трсино, виничко, извести МВР. – Тој се сомничи дека претходно допирал по телото 26-годишна германска државјанка, соопшти МВР. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading