НЛБ Банка им оддаде признание на спортистите од Специјална олимпијада на Македонија

Во чест да ги прослави медалите на  специјалните олимпијци, денеска НЛБ Банка организираше заедничко дружење со тимот на Специјална олимпијада-Македонија кој од неодамна одржаните Светски специјални олимписки игри во Берлин се врати со пет освоени медали, потврдувајќи дека кога се има силна воља и посветеност не постојат граници.  “За нас, секој еден член, претставник од нашата Специјална олимпијада – Македонија …

Continue Reading

АД МЕПСО: Земјоделците да бидат внимателни во сезоната на наводнување и на жетва

АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и на жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далеководите од преносната мрежа. Од компанијата соопштија дека е важно земјоделците да не поминуваат со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците, но и …

Continue Reading

Грчката Влада ќе донесе закон за укинување на досегашните ограничувања за гласањето од странство

Законот од пред една и пол година што тогаш не го доби потребното двотретинско мнозинство од Парламентот, а се однесува на гласањето на Грците кои живеат во странство, грчката Влада повторно ќе го донесе пред пратениците, јави дописничката на МИА од Атина. Предлог-законот го најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, говорејќи во Парламентот во саботата, а денеска владиниот портпарол Павлос Маринакис …

Continue Reading

Димитриевски: Куманово во најдобрата група институции за активна транспарентност

Куманово повторно се наоѓа во најдобрата група институции, со многу добра активна транспарентност со индекс од 95.8 проценти, значително подобрувајќи ја транспарентноста во изминатите години според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, соопшти денеска кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Тој потенцира дека ова ја потврдува континуираната заложба за искрен и отворен пристап кон граѓаните. -Ја потврдуваме нашата континуирана заложба за искрен …

Continue Reading

Пожар во нафтена рафинерија во иранското пристаниште Бандар Абас

Во индустриската зона на пристанишниот град Бандар Абас, јужен Иран се запалија три танкери со нафта, кои се во сопственост на компанијата „Афтаб оил рафининг“ (Aftab Oil Rafining), објавија денеска државните медиуми. Според извештаите од локални извори, се прават напори за гаснење на пожарот, но постои опасност од проширување и од експлозија на соседните тенкови, објави државната новинска агенција ИРНА. …

Continue Reading

Ивановски се квалификува на Челинџерот во Романија

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со победа попладнево над домашниот претставник Дан Томеску избори пласман на главниот турнир на Челинџерот 100 што се игра во романскиот град Јаши. Ивановски (362 на АТП листата) триумфираше над Романецот Томеску (692) со 2-0 во сетови (7-6(9), 7-6(5), во маратонски дуел што траеше два часа и 50 минути. Ова за Ивановски со вчерашната победа …

Continue Reading

Најмалку 300 мигранти од Сенегал се водат како исчезнати во Атлантски Океан

Најмалку 300 луѓе кои патувале во три чамци од Сенегал до Шпанија се водат за исчезнати, соопшти денеска шпанската хуманитарна група „Вокинг бордерс“. – Два брода го напуштија градот Мбур со околу 100 луѓе на 23 јуни, а третиот го напушти јужниот град Кафунтин четири дена подоцна со околу 200 луѓе. Најважно е да се најдат тие луѓе. Многу луѓе …

Continue Reading

ЗНМ: Претставка до МВР за попречување новинар при вршење професионална работа од страна на полициски службеник

Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ ќе поднесе претставка до МВР за попречување на новинар при вршење на професионална работа од страна на полициски службеник. Имено, во текот на вчерашната ноќ при протест на вработените на ЈП Комунална Хигиена Скопје, новинарот Суад Бајрами од Порталб.мк не бил во можност да ја извршува својата работна задача односно да снима во …

Continue Reading

Столтенберг: Вечерва разговарам со Ердоган, ќе се обидеме да најдеме решение за Шведска

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Вилнус, во пресрет на дводневниот самит на НАТО, изјави дека на овој состанок се уште е можно да се добие позитивна одлука за членството на Шведска. -Се уште е можно да се добие позитивна одлука за шведското членство овде во Вилнус, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со литванскиот претседател Гитанас Наусед, еден …

Continue Reading