Грчката Влада ќе донесе закон за укинување на досегашните ограничувања за гласањето од странство

glasanje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Законот од пред една и пол година што тогаш не го доби потребното двотретинско мнозинство од Парламентот, а се однесува на гласањето на Грците кои живеат во странство, грчката Влада повторно ќе го донесе пред пратениците, јави дописничката на МИА од Атина.







Предлог-законот го најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, говорејќи во Парламентот во саботата, а денеска владиниот портпарол Павлос Маринакис на редовниот брифинг со новинарите соопшти дека законот ќе биде ставен на јавна консултација и предвидува олеснување на остварување на правото на глас.

– Грчките граѓани кои имаат постојано живеалиште во странство или се наоѓаат во странство на датумот на изборите ќе можат оттаму го остварат своето право на глас без никакви ограничувања, објасни Маринакис.

Министерката за внатрешни работи на Грција Ники Керамеос во интервју за грчката телевизија Мега посочи дека веднаш ќе започне дискусијата со опозициските партии и истакна дека станува збор за „историската можност“ сите 300 пратеници од Парламентот да го поддржат законот.

Во 2021 година недостигаа десет гласа за да помине законот, со оглед на тоа што го поддржаа 190 пратеници, а беа потребни 200.

Гласањето на Грците кои живеат во странство првпат беше спроведено оваа година изборите во мај, меѓутоа граѓаните требаше да исполнат низа критериуми, нешто што сега ќе се укине.

На последните избори во јуни, за гласање од странство беа пријавени 25.610 граѓани.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, Грците кои живеат во странство и се запишани во избирачките списоци се околу 800.000.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK