Рамафоса го информираше Си за африканското посредување во Русија и Украина

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса го информирал својот кинески колега Си Џинпинг за претстојната посредничка мисија на шестмина африкански лидери во Русија и Украина, соопшти денеска јужноафриканското претседателство. Во мај, Рамафоса рече дека претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, се согласиле да ја примат мировната мисија. Таа делегација е подготвена да ги посети двете земји во средината …

Continue Reading

Швјонтек по трет пат го освои Ролан Гарос

Полската тенисерка Ига Швјонтек попладнево во финалето на Ролан Гарос ја победи Каролина Мухова од Чешка со 2:1, по сетови 6:2, 5:7 и 6:4. Мечот траеше 2 часа и 39 минути. На овој меч, првата светска тенисерка за првпат загуби сет на Отвореното првенство на Франција во 2023 година. За 22-годишната Швјонтек ова е трета титула во 2023 година и …

Continue Reading

Сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево пренасочен преку Виница и Смојмирово

Поради обилни врнежи од дожд на патниот правец Македонска Каменица – Делчево, на два километри пред Делчево, сообраќајот се пренасочува преку Виница и Смојмирово.  Како што информира АМСМ, на самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На …

Continue Reading

Рудигер го нарече глупак и шверцер навивачот кој на аеродром му побарал автограм

Антонио Рудигер навреди навивач по неговото пристигнување во Франкфурт. Фудбалерот на Реал Мадрид и Германија по кратка вербална расправија го навреди човекот што му побарал неколку автограми. -Ти не си навивач, ти си трговец, рече Рудигер.  На ова фудбалерот доби ваков одговор: „Штета што ми ставаш такви етикети. Не ме познаваш“. Навредите од страна на фудбалерот продолжија.  – Ти си …

Continue Reading

Швајцарска донација за пожарникарите од Делчево

Во Делчево се одржа обука за користење на новата противпожарна опрема која Територијалната противпожарна единица ја доби како донација од доброволното противпожарно друштво од швајцарската област Монтре-Ривиера. За таа цел група од 11 пожарникари од Швајцарија во изминатите два дена престојуваат во Делчево, чиј претставник Даниела Бланк информираше дека донацијата, која се состои од противпожарна скала, се реализира по претходно …

Continue Reading

Кривична пријава против вработен во Општина Битола за примање поткуп

Криминалистичката полиција на СВР Битола до Основното јавно обвинителство  Битола денеска ќе поднесе кривична пријава против В. П.(53)  од Битола,  вработен во Општина Битола како инспектор во инспекторатот за контрола на патниот сообраќај. -Пријавениот во периодот од 12 април 2023 па се до денес, искористувајќи ја својата позиција и своето влијание како лице задолжено за контрола на превозниците во град …

Continue Reading

Бегај во Косово: Да се бориме против внатреалбанските делби и раздори

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај ги повика лидерите на Албанците да се борат против внатреалбанските делби и раздори и порача дека Албанците како нација треба да се потпрат на нивните стратешки партнери, јави дописникот на МИА од Приштина. Во неговото обраќање на манифестацијата по повод 145-та годишнина од Призренската лига, Бегај рече дека иднината на албанската нација „ќе биде сé …

Continue Reading

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

На мултимедијална патувачка изложба „CAN for Balkans“, поставена во Националната библиотека на Романија, во Букурешт е претставен македонскиот стрип. Изложбата ќе биде отворена до 12 јуни.  Покрај делата на автори од Србија, Албанија и Романија,  изложени се и стрипови на историска тематика на неколку генерации македонски автори.  -Љубомир Филиповски, Илија Јордановски, Миле Топуз, Драган Ташковски, Диме Иванов-Димано, Дарко Богданов и …

Continue Reading

Состанок одржува раководство на ДУИ по средбата Ковачевски – Мицкоски

Демократската унија за интеграција попладнево во партиското седиште почна состанок на раководството.  Според партискиот портпарол Бујар Османи, состанокот е поради новите политичките случувања и ќе се анализира средбата помеѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мискоски, што се одржа во средата. -Состанокот е поради последниот развој, по средбата на претседателите на ВМРО и СДСМ, позиците на ДУИ, …

Continue Reading