Швајцарска донација за пожарникарите од Делчево

20230610182328_big_730x400_7
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Делчево се одржа обука за користење на новата противпожарна опрема која Територијалната противпожарна единица ја доби како донација од доброволното противпожарно друштво од швајцарската област Монтре-Ривиера. За таа цел група од 11 пожарникари од Швајцарија во изминатите два дена престојуваат во Делчево, чиј претставник Даниела Бланк информираше дека донацијата, која се состои од противпожарна скала, се реализира по претходно воспоставени добри контакти со пожарникари од делчевската единица.  -Се запознавме со Лоренцо Трајановски од вашиот град, со кој и двајцата сме пожарникари. Заеднички договоривме оваа пожарникарска сала да ја донираме на вашата единица, мислејќи дека ќе ви биде од помош. Така ја направивме врската и по тој повод сме гости на покана на градоначалникот на Делчево. Тука сме 11 луѓе, од вчера сме во Делчево и сме благодарни за пречекот што го добивме, рече Бланк.  За градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, кој присуствуваше на обуката која ја имаа двете единици, важно е што делчевската единица преку ваквите донации обезбедува опрема за реакција во случај на пожар на високи градби.







-Првичната врска, како што кажа и Даниела, е преку пожарникарот Лоренцо, а потоа и ние остваривме врска со пожарникарското друштво во Швајцарија. Тие имаа желба да донираат две скали на нашата противпожарна единица, кои веќе се тука, а едната од нив минатата година беше донирана, а со нив имаа направено неколку показни вежби. Важно е да имаме средства со кои пожарникарите би ракувале доколку има потреба за тоа, иако посакувам во пракса да нема потреба од нивна употреба, рече Трајковски.  Се заблагодари на донацијата од противпожарното друштво од Швајцарија и изрази надеж дека двете друштва и понатаму ќе имаат добра соработка. Пред одржувањето на заедничката обука командирот на ТППЕ Делчево, Миле Тодоровски ги запозна своите колеги од Швајцарија со опременоста и возниот парк со кој располага единицата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK