Швјонтек по трет пат го освои Ролан Гарос

20230610184003_big_730x400_54
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полската тенисерка Ига Швјонтек попладнево во финалето на Ролан Гарос ја победи Каролина Мухова од Чешка со 2:1, по сетови 6:2, 5:7 и 6:4. Мечот траеше 2 часа и 39 минути.







На овој меч, првата светска тенисерка за првпат загуби сет на Отвореното првенство на Франција во 2023 година.

За 22-годишната Швјонтек ова е трета титула во 2023 година и трета победа на Ролан Гарос. Претходно таа во Париз победи во 2020 и 2022 година.

За 26-годишната Мухова ова беше прво Грен слем финале.

Вкупниот награден фонд на Ролан Гарос изнесува 49,6 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK