Во Картум мирно, на сила 24-часовен прекин на огнот

Во суданскиот главен град Картум денеска, кога стапи на сила 24-часовниот прекин на огнот со посредство на САД и Саудиска Арабија, е релативно мирно, овозможувајќи достава на хуманитарна помош и одмор од интензивните борби. Краткото примирје уследи по серијата прекршувања на примирјето меѓу суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ), чија борба за власт стана насилна пред осум …

Continue Reading

Пецаков повика да се одложи работењето на делницата Подмоље – Охрид, барањето е неприфатливо за Министерството за транспорт

Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков ги повика институциите да го одложат работењето на делницата Подмоље – Охрид за крајот на септември, односно по завршувањето на туристичката сезона. Министерството за транспорт и врски реагира на барањата на градоначалникот, нарекувајќи ги лицемерни и неприфатливи. Со затворањето на влезот на најголемиот туристички центар во земјава и пренасочување на сообраќајот по стариот пат, …

Continue Reading

Просечниот опфат на вакцинираните според Националниот календар за имунизација во Бугарија е 92 отсто

Просечниот опфат на вакцинираните според Националниот календар за имунизација во Бугарија е 92 отсто. Ова пред новинарите во Пловдив го изјави доц. Ангел Кунчев, главен државен здравствен инспектор во Министерството за здравство, кој учествуваше на конференција посветена на вакциналната превенција. Според него, целта е да се достигне 95 проценти, со што би се обезбедило да не се случуваат пандемии и …

Continue Reading

Четврти пораз за македонските одбојкарки во Сребрената лига

Македонската женска одбојкарска репрезентација попладнево загуби на гостувањето кај Естонија со 3:0, по сетови 25:22, 25:20 и 25:16. За „црвено-жолтите“ ова беше четврти пораз во исто толку натпревари во Европската Сребрена лига.     Естонките со максимални четири победи се лидери на табелата во А-групата. Во следното коло, Македонките ќе и гостуваат на Летонија. Овој натпревар ќе се одигра в среда со …

Continue Reading

Измамен 34-годишен жител на Пробиштип, му одзеле 1.000 евра

Во СВР Скопје вчера 34-годишен жител на Пробиштип пријавил дека бил измамен од две лица за сума од 1.000 евра. Како што соопшти МВР, според пријавеното, лицата му се доближиле и едно од нив му кажало дека неговата сопруга е во приватна болница и дека треба да му покаже пари на докторот, а тој нема моментално во него. Како што …

Continue Reading

Повредена 53-годишна работничка во фабрика во Скопје

На Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје вчера со повреди била донесена Љ.С.(53) од Скопје. Како што соопшти МВР, од болницата вчера случајот бил пријавен во СВР Скопје.  Според пријавеното, Љ.С. се здобила со повредите при извршување работни задачи во фабрика во индустриската зона Бунарџик.  За настанот бил известен трудов инспектор.

Continue Reading

Зеленски го потврди почетокот на украинската контраофанзива

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на брифинг изјави дека се спроведуваат контраофанзивни и одбранбени акции и дека украинската војска е позитивно расположена, пренесе агенцијата УНИАН. „Во Украина се одвиваат контраофанзивни и одбранбени дејствија, во која фаза, нема да кажам детално… Мора да имате верба во нашата војска, а јас верувам во нив. Јас сум во секојдневен контакт со нашите команданти… Во …

Continue Reading

Во Скопје презентиран најголемиот регионален саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“

Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со ресорните министерства на Србија и Албанија, денеска во Скопје се одржа презентација на најголемиот регионален саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“. Минатата година, во рамките на Отворен Балкан виното беше промовирано како најзначаен производ на регионот, што беше потврдено на првиот вински саем „Винската визија на …

Continue Reading

Марковски: Поголема техничка подготвеност на општините за да се избегнат елементарни непогоди како во Делчево

Елементарните непогоди слични на оние кои го погодија Делчево, во иднина ќе бидат уште поголеми и затоа општините треба да бидат технички поподготвени, за да може навремено да се реагира. Ова при денешната посета на Делчево го изјави Горан Марковски, декан на Градежниот факултет во Скопје, кој при посетата на една од најоштетените улици од невремеро рече дека една од …

Continue Reading