Кривична пријава против вработен во Општина Битола за примање поткуп

20230610181550_big_730x400_26
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Криминалистичката полиција на СВР Битола до Основното јавно обвинителство  Битола денеска ќе поднесе кривична пријава против В. П.(53)  од Битола,  вработен во Општина Битола како инспектор во инспекторатот за контрола на патниот сообраќај.







-Пријавениот во периодот од 12 април 2023 па се до денес, искористувајќи ја својата позиција и своето влијание како лице задолжено за контрола на превозниците во град Битола, во два наврата индиректно барајќи пари, од пријавителот 41-годишен маж од Битола, кој е управител и сопственик на правно лице за вршење дејност такси превоз, побарал и примил поткуп во два наврата и со тоа сторил кривично дело „Примање поткуп“, предвидено и казниво по чл.357 ст.1 од КЗ, соопшти Министерството за внатрешни работи.  МВР наведува дека В. П. во текот на вчерашниот ден е лишен од слобода и изведен пред Јавен обвинител.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK