„Рамо до рамо до победа“ во Ресен, Могила, Битола и Кичево

10 јуни 2023 Во рамките на секојдневните теренски активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа“ партски тимови денеска остварија средби со граѓаните на Ресен, Могила, Битола и Кичево.  Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески во Ресен истакна дека СДСМ уште еднаш покажа државнички и државотворен капацитет и понуди рака за отворен дијалог во остварување стратешката …

Continue Reading

Османи: Ќе поддржиме Влада без претставници на ДУИ на денот кога ќе стапат во сила уставните измени

Централното претседателство на ДУИ го заврши својот состанок во партиското седиште во Мала Речица, а партијата информираше дека се прифаќаат предусловите кои се упатени кон нив со цел да има промени во Уставот и почеток на преговорите за членство во Европската унија. Партискиот портпарол Бујар Османи рече дека неколкучасовната седница била исклучиво наменета за оваа одлука.  Тој посочи дека на …

Continue Reading

Во Мароко петмина загинати при уривањето зграда во изградба

Пет лица загинаа при уривањето зграда во изградба во индустриска зона во близина на Казабланка, економската престолнина на Мароко, соопштија денеска властите нов биланс на жртви.  Локалните медиуми по несреќата што се случи во четвртокот јавија дека две лица загинале, а петмина се повредени.  „Трагедијата ги чинеше животите на петмина работници“, се наведува во соопштението на синдикатот. Се додава дека …

Continue Reading

Јовев: Кардиохирургија ќе остане функционална како досега, за разрешувањето ќе одлучува правниот тим

Кардиохирургот д-р Сашко Јовев изјави дека и по неговото разрешување од директорската функција на државната Кардиохирургија, клиниката останува функционална и дека со тимот се договорил засега да останат во служба на граѓаните за, како што рече, да не прават поголеми проблеми. -Решивме клиниката сега засега да функционира како и досега. Се договоривме меѓу нас дека ќе останеме во служба на …

Continue Reading

Белгија го одбрани домашниот терен на мечот со македонските одбојкари

Белгија вечерва ја победи македонската одбојкарска репрезентација со 3:0, по сетови 27:25, 25:23 и 26:24.     Избраниците на селекторот Јошко Миленковски во трите сегменти беа на чекор до освојување сет, но на крајот не успеаја ниту еднаш да се радуваат.     Ова беше натпревар од 4. коло во Златната европска лига по кое Македонците со пет бодови се на 3. место во …

Continue Reading

Макрон го повика Иран веднаш да престане да ја поддржува Русија во војната во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го повика својот ирански колега Ебрахим Раиси веднаш да престане да ја поддржува Русија во војната во Украина со испорака на беспилотни летала, соопшти Елисејската палата. Во телефонскиот разговор со Раиси, Макрон предупреди на сериозни последици, безбедносни и хуманитарни, кои би можеле да ги предизвикаат иранските испораки на беспилотни летала за Русија. Францускиот претседател го …

Continue Reading

Тепачка на двајца директори на училишта во Кавадарци, полицијата ги привела

СВР Велес вечерва излезе со официјална информација  по видеото за тепачка на двајца директори на училишта во Кавадарци, објавено на социјалните мрежи. – Денеска околу 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги привеле С.П.(54) и Ѓ.Ѓ.(39), двајцата од Кавадарци затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниор ред и мир и агресивно се однесувале кон лица …

Continue Reading

„Рамо до рамо до победа“ во Центар, Куманово, Чаир и Илинден

Пратеници од СДСМ како дел од карванот „Рамо до рамо до победа“ денеска беа во посета на неколку населени места.   Во општина Центар беа Дарко Каевски и Даниела Николова, во Чаир – Снежана Калеска-Ванчева, во Куманово беа Мартин Костовски и Лидија Тасевска и во општина Илинден – Мухамед Кадиров. Како што соопшти СДСМ, Каевски во Центар рече дека Христијан Мицкоски …

Continue Reading

Бербок: Германија сака да ја зајакне соработката со Панама

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека Германија сака поблиска соработка со Панама во областа на климата и енергијата, што може да придонесе за безбедноста на светската трговија, јави ДПА. „Светската трговија е обезбедена на долг рок само ако се почитуваат меѓународните правила и ако се контролира климатската криза“, рече Бербок по разговорите со нејзината панамска колешка Жанајна …

Continue Reading