ЛДП: Конечно се стави крај на „луксузот” економски директори на клиниките

Либерално-Демократска Партија ја поздравува одлуката на министерот за здравство Фатмир Меџити со која се прифаќа предлогот на ЛДП од јануари наредната година да функционира еден Клинички центар, со еден генерален директор, со што би се укинале организациските (економски) директори на одделните клиники. – Иницијативата на ЛДП прифатена, конечно се стави крај на „луксузот” економски директори на Клиниките. Со измените треба …

Continue Reading

Амбасадорот Каскарелис е новиот шеф на дипломатијата во службената Влада на Грција

Наша главна грижа е и ќе остане ефикасната одбрана на нашите национални интереси, порача почесниот амбасадор Василис Каскарелис, откако и официјално ја презеде функцијата министер за надворешни работи во службената Влада на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во грчкото МНР, сега веќе, поранешниот шеф на дипломатијата Никос Дендиас му ја предаде должноста на Каскарелис и во кусото обраќање …

Continue Reading

Думани: Минатата година запленет имот во вредност од над 100 милиони евра, 24 постапки против поранешни високи функционери

Првиот човек на албанското Специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), Алтин Думани денеска пред парламентарната комисија за правни прашања, јавна администрација и човекови права го презентираше извештајот за активноста на оваа институција во текот на 2022 година. Думани рече дека „по барање на Специјалното обвинителство, од Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал, во текот на 2022 …

Continue Reading

И покрај напорите на УХМР и МЗШВ, мерката за авионско засејувањаена облаците нема да продолжи

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво (МЗШВ) и Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопштија дека по четири години успешно користење на мерката за авионско засејување на облаците, оваа година и покрај напорите на УХМР, мерката нема да продолжи. – Авионското засејување на облаците беше ефикасна метода која успешно се спроведуваше од 2019-та година, со што во повеќе наврати успешно беа …

Continue Reading

Крушево и Елбасан го презентираа проектот за прекугранична соработка

Проектот за прекугранична соработка „Крушево и Елбасан – призната туристичка прекугранична дестинација“ е еден од најуспешните од третиот повик на ИПА програмата што ја финансира Европската унија, беше истакнато на денешната презентација на Проектот на полетувалиштето на Мечкин Камен на кое присуствуваа евроамбасадорот Дејвид Гир, од министерството за локална самоуправа и градоначалниците на Елбасан и на Крушево. – Ова е …

Continue Reading

Две возила со опрема за охридските јавни претпријатија

Општина Охрид денеска промовираше опрема наменета за потребите на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Нискоградба“, набавени преку регионалниот проект „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“ што се реализира во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Станува збор за современи возила – трактори опремени со дополнителна механизација за вршење на комунални теренски активности. Охридскиот градоначалник …

Continue Reading

Собранието ги изгласа законски измени за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10д

Собранието во рамки на денешното продолжение на 115-тата седница ги донесе измените и дополнувањата на  петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со 62 гласа „за“ …

Continue Reading

Гроси во вторник пред Советот за безбедност на ОН ќе го претстави планот за нуклеарната централа Запорожје

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, во вторник ќе претстави предлог до Обединетите нации за заштита на украинската нуклеарна централа Запорожје, заземена од руската армија, со надеж дека ќе се постигне договор пред можнa украинска контраофанзива. „Гроси планира да го информира Советот за безбедност на ОН за ситуацијата со нуклеарната безбедност“ во нуклеарната централа Запорожје …

Continue Reading

Ковачевски во Стопанската комора: Новите инвестиции се резултат на стратешките политики, членството во НАТО и почетокот на преговорите со Европската Унија

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и членовите на Управниот одбор на комората, на која присуствуваа и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и заменик-министерот за финансии Филип Николоски. Премиерот Ковачевски на средбата ги информираше претставниците на бизнис заедницата за работната посета во …

Continue Reading