Две возила со опрема за охридските јавни претпријатија

OHRID,VOZILA
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Охрид денеска промовираше опрема наменета за потребите на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Нискоградба“, набавени преку регионалниот проект „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“ што се реализира во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион,







Станува збор за современи возила – трактори опремени со дополнителна механизација за вршење на комунални теренски активности.

Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков во изјава за медиумите информираше дека вкупната вредност на набавената опрема е 3,2 милиони денари, при што еден дел од средствата се обезбедени преку Програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој, а значаен дел на средства се обезбедени и од страна на Општина Охрид.

Покрај возилото „Нискоградба“ добива и опрема за чистење на канализацискатаа мрежа со цистерна за фекалии со носивост од шест илјади литри, додека возилото наменето за „Охридски комуналец“ доаѓа со плуг за чистење снег од улиците и соларка  со капацитет од 1200 литри, со современи хидраулични решенија за ефикасно справување во услови на врнежи на снег и појава на голомразица.

Пецаков истакна дека наскоро ќе биде испорачана опрема и за ЈП „Водовод“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK