Мицотакис: Не постои простор за соработка со ПАСОК по изборите на 21 мај

– Можноста за пост изборна коалиција со ПАСОК, целосно ја отфрли грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешната прес конференција, а паралелно упати порака до Албанија дека случајот со притворениот кандидат за градоначалник од грчкото малцинство, може да има последици за европскиот пат на земјата, а ги коментираше и изборите во Турција, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис …

Continue Reading

Излезноста на локалните избори до 12 часот 18,94 отсто, гласаа и лидерите на политичките партии

– На локалните избори, кои денеска се спроведуваат во Албанија, според Централната изборна комисија, излезноста до 12 часот е 18,94 отсто од вкупно запишаните 3.653.988 лица со право на глас. Ова право го реализираа и лидерите на политичките партии, меѓу нив и лидерот на владејачките социјалисти и актуелен премиер на Албанија Еди Рама, придружуван од сопругата Линда Рама. – Сега …

Continue Reading

Положено цвеќе пред споменикот на бранителите во Крива Паланка, одржан меморијалниот турнир во нивна чест

Денеска во Крива Паланка беше положено цвеќе пред споменикот на бранителите, а се одржа и меморијалниот турнир во мал фудбал, организација на Македонскиот полициски синдикат и Полициската станица од Крива Паланка, со здружението на бранители „Херои на Македонија“ и поддршка од Општина Крива Паланка, во чест на 22 години од загинувањето на бранителите. Чествувањето почна пред спомен-обележјето на загинатите бранители …

Continue Reading

Ковачевски: Владината коалиција е стабилна

– Владината коалиција е стабилна и има 65 пратеници. Нормално е дека во рамки на коалицијата има политички партии со одредени ставови кои идеолошки или операционално се разликуваат од другите политички партии, но на главните политички правци на владината коалиција сите имаат исто гледање и работат на остварување на истата цел, оцени лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски пред …

Continue Reading

Делчево дел од рутата на хуманитарната иницијатива Black Cab – Europe Charity Trip

– Градот Делчево ќе биде дел од рутата на Black Cab – Europe Charity Trip, меѓународна иницијатива од хуманитарен карактер која ја иницираа група македонски иселеници и нивни пријатели од Лондон, а чија мисија е да се искористи иконата London Black Cab за патување од Англија до Македонија, поминувајќи 15 земји за 10 дена. Меѓу целите за ваквиот потег како …

Continue Reading

Резултати од првиот „мајски коњички турнир“ и 1-во коло од отвореното Државно првенство во прескокнување на пречки

– Резултати од првиот „мајски коњички турнир“ и 1-во коло од отвореното Државно првенство на РСМ во прескокнување на пречки за 2023 година, што се одржа вчера, на 13 мај, на теренот на ККС-Илинден на хиподромот во Маџари. На програмата беа 5-натпревари во прескокување на пречки во КЛАСИ: А,Б,Ц,Д и Е со височина на пречките 0,70- 1,20м./до 1,40м.ширина / 1.НАТПРЕВАР …

Continue Reading

Еден загинат и шестмина повредени во две сообраќајки во Струшко

– Едно лице загина, а шест се повредени во две одделни сообраќајни незгоди ноќеска во Струшко, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, еден час по полноќ на регионалниот пат Струга – Дебар, на влезот во селото Велешта, А.О. (21) од истото село, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. – На местото …

Continue Reading

Јакарино инспирирана од визијата на Маск „да создаде посветла иднина“

– Новоименуваната извршна директорка на Твитер, Линда Јакарино, ноќеска на Твитер објави дека е инспирирана од визијата на сопственикот на социјалната мрежа Илон Маск да создаде посветла иднина и е возбудена поради предизвикот со кој се соочи за да помогне во трансформирањето на платформата. Ова е прва јавна објава на Јакарино од четвртокот, кога Маск откри дека е во преговори …

Continue Reading

Алонсо: Ферари се понестабилни отколку кога бев таму

– Пилотот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо даде свое мислење за тимот на Ферари. Алонсо беше член на Ферари од 2010 до 2014 година. – Со Ферари бевме во борба секоја сезона и речиси никогаш не правевме грешки. Двапати се боревме за титулата до последната трка. За моја среќа и за Астон Мартин, сега Ферари е понестабилен отколку кога бев таму, …

Continue Reading