Мицотакис: Не постои простор за соработка со ПАСОК по изборите на 21 мај

micotakis_34535353543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Можноста за пост изборна коалиција со ПАСОК, целосно ја отфрли грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешната прес конференција, а паралелно упати порака до Албанија дека случајот со притворениот кандидат за градоначалник од грчкото малцинство, може да има последици за европскиот пат на земјата, а ги коментираше и изборите во Турција, јави дописничката на МИА од Атина.







Мицотакис изрази увереност дека Нова демократија ќе победи на изборите в недела, но објасни дека и доколку математички е можна соработка со ПАСОК, сепак не би се формирала ваква коалиција, посочувајќи дека лидерот на партијата Никос Андрулакис неговата политика ја доближи до СИРИЗА.

-Не верувам дека постои некаков простор во овој момент, по изборите на 21 мај да постои некаква соработка со ПАСОК, па дури и ако нумерички би можело да се формира Влада, која барем математички би добила доверба од Парламентот, истакна Мицотакис

За скандалот со прислушувањата во Грција рече дека Владата и лично тој презеле политичка одговорност и ги направиле неопходните промени.

На новинарско прашање за случајот во Албанија со притворениот кандидат за градоначалник од грчкото малцинство, рече дека она што се случи на два дена пред изборите е „неприфатливо и незамисливо“ и порача дека не прифаќаат отстапки од владеењето на правото.

-Во случај Албанија да продолжи со ваквата политика, ова ќе влијае и на нашите билатерални односи и на патот на Албанија кон Европа. Нема да толерирам такви однесувања на товар на малцинството и секако не 48 часа пред изборите. Ќе го видиме изборниот резултат. Се надевам и навистина посакувам овој случај да се смири што е можно побргу. Ќе има значајни последици и во грчко- албанските односи, но ќе има и значајни последици на патот на Албанија кон европското семејство, кој ние како земја го имаме поддржано, порача грчкиот премиер.

Во однос на денешните избори во Турција рече дека нема да го прогнозира изборниот резултат, ниту да фаворизира некој од кандидатите, го изрази ставот дека „турската политика кон Грција не е лесно да се смени преку ноќ“, но и надеж дека Анкара ќе сфати дека ќе треба одново да ја одреди односите со Западот, САД и ЕУ.

-Јас лично, секако дека ќе му се јавам да му честитам на тој што ќе биде избран за претседател на Турција и сигурно ќе побарам средба. Ако е со господинот Ердоган, очигледно нема да биде прва, ако е со Киличдароглу ќе биде прва средба за запознавање за да ја поставиме рамката на нашите односи за следните години, рече Мицотакис.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK