Јакарино инспирирана од визијата на Маск „да создаде посветла иднина“

linda_jakarino_2342423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Новоименуваната извршна директорка на Твитер, Линда Јакарино, ноќеска на Твитер објави дека е инспирирана од визијата на сопственикот на социјалната мрежа Илон Маск да создаде посветла иднина и е возбудена поради предизвикот со кој се соочи за да помогне во трансформирањето на платформата.







Ова е прва јавна објава на Јакарино од четвртокот, кога Маск откри дека е во преговори за назначување „нова извршна директорка“.

Откако го купи Твитер минатата година за 44 милијарди долари, Маск ја извршуваше функцијата извршен директор, а Јакарино до неодамна беше директор за рекламирање во компанијата Комкаст која е сопственик на Ен-Би-Си Јуниверзал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK