Лидерите на Ерменија и Азербејџан на средба во Брисел идната недела

Лидерите на Ерменија и Азербејџан ќе се сретнат идната недела во Брисел, соопшти Европската унија. Тоа е последен во серијата обиди да се обезбеди траен мировен договор и да се решат долгогодишните разлики околу територијата на Нагорно-Карабах. Средбата на 14 мај меѓу ерменскиот премиер Никола Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев доаѓа по разговорите меѓу нивните двајца министри за надворешни …

Continue Reading

Фигаро: Францускиот парламент ќе расправа дали „Вагнер“ е терористичка организација

Францускиот парламент денеска ќе расправа дали руската приватна воена компанија „Вагнер“ е терористичка организација, пишува „Фигаро“. До францускиот Парламент е поднесена нацрт-резолуција за вклучување на „Вагнер“ во листата на терористички организации на Европската унија. Се очекува денеска Националното собрание (долниот дом на францускиот Парламент) да донесе одлука дали на оваа листа треба да се најде и компанијата „Вагнер“, која е …

Continue Reading

МОК одржа редовно Собрание

Во присуство на членови на Собранието, олимписките Национални спортски федерации и истакнатите македонски спортски имиња, синоќа во Скопје се одржа редовното Собрание на Македонскиот олимписки комитет. На Собранието беше презентиран извештај за Европските игри Краков 2023, летните Олимписки игри во Париз 2024 година, за новата веб страна на МОК како и новиот проект на МОК, „Златен денар за златен медал …

Continue Reading

Ковачевски и Рубин потпишаа Меморандум меѓу САД и Македонија за создавање партнерство против дезинформациите

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Вашингтон, оствари средба со Џејмс П. Рубин, специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, известуваат од Владата. – На средбата Ковачевски и Рубин потпишаа Меморандум меѓу САД и Северна Македонија за создавање стратешко партнерство за борба против дезинформации, што ќе им овозможи на двете држави …

Continue Reading

СО СРЕЌНОТО ТРКАЛО ВО „СВРТИ, ТИПУВАЈ И НАГРАДИ СОБИРАЈ“ на 2win.mk  КОМПЛЕТИРАНО Е ПРВОТО КОЛО

Со „СРЕЌНОТО ТРКАЛО“, комплетирано е првото коло од наградната игра „ СВРТИ, ТИПУВАЈ И НАГРАДИ СОБИРАЈ “ на играчката платформа 2win.mk на Видеолотарија Касинос Австрија. На страната веќе е објавен списокот со играчите кои освоија награди. Со дополнителната игра „СРЕЌНО ТРКАЛО“ во фаза 2, комплетирано  е првото коло од наградната игра „ СВРТИ, ТИПУВАЈ И НАГРАДИ СОБИРАЈ “.  Извлекувањето беше …

Continue Reading

Спасовски: Осум години од „Диво насеље“ – Никогаш да не се повтори!

Денеска се навршуваат 8 години од „Диво насеље“. Во мое Куманово, и во целата земја, сите бевме во неизвесност од вооружениот напад во кој животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ. Нека им е вечна слава! , напиша министерот …

Continue Reading

ОМД – Ковачевски: Македонија да се најде на листата на САД за безвизен режим

ОМД на вчерашната средба со премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, која се одржа во Амбасадата во Вашингтон, побара дигитализација на сите услуги кои и се достапни на дијаспората преку дипломатско-конзуларните претставништва, посебно во врска со издавање или обновување на биометриски лични документи, известуваат од ОМД. Нашите иселеници го поздравиле стратешкиот дијалог помеѓу Северна Македонија …

Continue Reading

Казни за 322 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 322 возачи. Од нив, соопштија денеска од МВР; 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 167 возила ја пречекориле брзината во населено …

Continue Reading

Приведен разбојник од Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Во Полициската станица Кисела Вода вчера бил извршен службен разговор со Н.А.(24) од Скопје, информираа денеска од МВР. Тој се сомничи дека на 07.05.2023 околу 21.00 часот на ул.„Божидар Аџија“ физички го нападнал И.Д.(20) од Скопје и му одзел два мобилни телефони. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена …

Continue Reading