Ковачевски и Рубин потпишаа Меморандум меѓу САД и Македонија за создавање партнерство против дезинформациите

kovachevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Вашингтон, оствари средба со Џејмс П. Рубин, специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, известуваат од Владата.







– На средбата Ковачевски и Рубин потпишаа Меморандум меѓу САД и Северна Македонија за создавање стратешко партнерство за борба против дезинформации, што ќе им овозможи на двете држави интензивна соработка во спротивставување на манипулациите со информациите, соопштуваат од Владата.

Оттаму посочуваат дека Северна Македонија и САД трајната врска ја градат врз заеднички вредности и принципи како слободата, демократијата, правдата и владеење на правото.

-Претседателот на Владата изрази благодарност за соработката и ја потенцираше важноста на Меморандумот констатирајќи дека ова претставува огромна поддршка за Северна Македонија во градењето цврста демократија, информираат од владината прес-служба.

Од Владата потенцираат дека пријателството меѓу Северна Македонија и САД е гаранција за стабилноста и просперитетот на нашата држава, како и на цел Западен Балкан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK