Спасовски: Осум години од „Диво насеље“ – Никогаш да не се повтори!

divo-naselje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска се навршуваат 8 години од „Диво насеље“. Во мое Куманово, и во целата земја, сите бевме во неизвесност од вооружениот напад во кој животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ. Нека им е вечна слава! , напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.







– Судските архиви сведочат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“, така што овој крајно вознемирувачки и трагичен настан засекогаш ќе остане во колективната меморија на кумановци како голема траума, а граѓаните од целата држава ќе паметат дека нарачателите не ја остварија својата цел да ја одржат неизвесноста во која режимот ги држеше во заложништво државата и граѓаните. Хероите живеат вечно! Никогаш да не се повтори!, објави Спасовски на фејсбук.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK