Времето облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Времето денеска облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат попладне и локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени, информираат од УХМР. Во Скопје облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, попладне пообилни. …

Continue Reading

Премиера на претставата ТИК-ТАК во Турски Театар

НУ Турски Театар вечерва премиерно ќе ја изведе претставата ТИК-ТАК во адаптација и режија на Синиша Евтимов работена според мотивите на Лорен Бафој и Висенте Вилануева, со почеток во 20.00 часот. Претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија. Таа ќе има и титл на македонски јазик

Continue Reading

Дваесет и еден процент од матурантите од четири региони сакаат да студираат надвор од земјата, покажаа резултатите од истражувањата на штипскиот Правниот факултет

Околу 21 процент од средношколците кои завршуваат четврта година во Источниот, Сероисточниот, Југоисточниот и Вардарскиот регион сакаат да студираат надвор од државата, покажаа резултатите од најновите истражувања на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, насловени „Млади, миграции и образование“. Универзитетскиот професор Страшко Стојановски, кој заедно со студентите од овој факултет го реализираше истражувањето, истакна дека 33 проценти од средношколците би …

Continue Reading

Годинава на аџилак ќе заминат 2.030 верници од Македонија

Од Република Северна Македонија на аџилак годинава ќе заминат 2.030 верници, што е повеќе од двојно повисока бројка од минатата година, кога во светите места беа 919 верници, изјави за МИА, Ирсел Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница. – Бројката е пополнета согласно квотата што ја одреди Министерството за хаџ на Саудиска Арабија и годинава ќе има 2.030 верници, …

Continue Reading

Борисов: Ќе го искористиме првиот мандат за формирање влада со свој премиер

ГЕРБ ќе го искористи првиот мандат за формирање влада со свој премиер. Кандидатот утре во Народното собрание ќе биде претставен пред сите лидери на политичките сили. Ова е одлуката на Извршниот комитет на партијата, која на брифинг ја соопшти нејзиниот лидер Бојко Борисов. „Апелирам до сите партии – избори во август, без буџет, е катастрофа. Ние сме категорично решени да …

Continue Reading

Ковачевски: Блинкен пренесе јасна поддршка од САД за нашиот процес на евроинтеграција

Денес имаме исклучително важна и конструктивна пријателска средба со државниот секретар Ентони Блинкен и со неговите први соработници, на коишто навистина беа реафирмирани и истакнати сите оние главни стратешки цели кои што државата ги има, а во чие остварување секогаш сме ја имале помошта на САД. Многу јасно беше истакната поддршката на САД за ЕУ интеграција на нашата држава, изјави …

Continue Reading

Ердоган разговараше со командантот на суданската армија Ал Бурхан

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и командантот на суданската армија генерал Абдел Фатах ал Бурхан разговараа за ситуацијата во Судан, јави Анадолија. Од Канцеларијата за комуникации на Претседателството на Турција соопштија дека имале телефонски разговор за настаните во Судан. Ердоган изрази жал и загриженост поради зголемувањето на бројот на жртвите и повредените во борбите во Судан. Турскиот претседател изрази подготвеност …

Continue Reading

Продолжи судскиот процес за родилката од Дебар, следното рочиште со вештаци од Судска медицина

Со исказ на медицинската сестра, која учествувала во лекувањето на родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која и беа отстранети три органи по породувањето со царски рез во Струшката болница, во Основниот суд во Струга денеска продолжи судењето против тројцата лекари, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска. Следното рочиште е закажано за 21 јуни, …

Continue Reading

Азески: Извезуваат само пет проценти од македонските компании, да се постигне национален консензус за извозот

Доста е од констатации, ќе одиме со конкретни предлози со кои треба да се постигне национален консензус за извозот, порача денеска претседателот Националниот совет за извоз и на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески. Тој денеска ја посети компанијата „Џонсон Мети“ во ТИРЗ-Скопје 1, што беше прва активност на Националниот совет, новоформираното тело во чии редови се претставници на …

Continue Reading