Азески: Извезуваат само пет проценти од македонските компании, да се постигне национален консензус за извозот

azeski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Доста е од констатации, ќе одиме со конкретни предлози со кои треба да се постигне национален консензус за извозот, порача денеска претседателот Националниот совет за извоз и на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески.







Тој денеска ја посети компанијата „Џонсон Мети“ во ТИРЗ-Скопје 1, што беше прва активност на Националниот совет, новоформираното тело во чии редови се претставници на владини институции и приватниот сектор.

-Само пет проценти од македонските компании извезуваат. Тоа е поразителна бројка, рече Азески, истакнувајќи дека промената на оваа состојба е првата и основна задача на Националниот совет за извоз.

Како што рече Азески, многу мал број компании во нашата држава се вклучени во ланците за снабдување на странските инвеститори. Тоа е наша одамнешна активност што треба да добие на интензитет, посочи Азески.

На Македонија, оцени, и е судено алфа и омега за нејзиниот опстанокот е да биде извозот и мора да поставивме приоритети кои тоа ќе го поддржат. Заради тоа првата посета на Советот е на најголемата извозна компанија во Македонија „Џонсон Мети’, која со својот пример на работење покажува како треба да се насочуваат и другите наши национални институции и компании кои излегуваат на отворениот пазар.

Азески соопшти и дека само 440 производи се со компаративни предности и порача дека тоа е една од целите која треба да се надоградува.

-Моја генерална оценка е дека и ние и политичките чинители во државава одиме кон процес на определување приоритети и постигнување консензус. Од приоритетите клучно е да постигнеме договор околу економијата како врвен приоритет во наредните 10 години, како поддршка на извозот во наредните 10 години како клучна компонета на развојот, но и регионалната соработка, наведе Азески кој меѓу другото порача дека на бизнисот му треба учество во конципирањето на законите, а не во Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK