Ковачевски: Блинкен пренесе јасна поддршка од САД за нашиот процес на евроинтеграција

kovachevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес имаме исклучително важна и конструктивна пријателска средба со државниот секретар Ентони Блинкен и со неговите први соработници, на коишто навистина беа реафирмирани и истакнати сите оние главни стратешки цели кои што државата ги има, а во чие остварување секогаш сме ја имале помошта на САД. Многу јасно беше истакната поддршката на САД за ЕУ интеграција на нашата држава, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во интервју за Гласот на Америка, оценувајќи ги пораките од средбите со високи претставници на Стејт Департментот, за време на неговата работна посета на САД.







Ковачевски потенцира дека за време на средбите била истакната улогата на нашата држава како исклучително важен член на НАТО-алијансата, со оценка дека сме многу активни со своето учество. како што посочуваат, на средбите се разговарало и за нашата улога како претседавачи со ОБСЕ во годината која е најтешка после Втората Светска војна и за тоа дека процесите се одвиваат на начин на којшто земјите членки на ОБСЕ тоа го очекуваат од нас како претседавачи.

-Разговаравме, исто така, и за заедничките проекти коишто ги имаме со нашите стратешки партнери, тука пред се мислам на САД, меѓутоа и на Германија и Франција и други членки на ЕУ, во делот на енергетската независност и обезбедувањето на непречено снабдување со енергенси на државата како во текот на минатата година кога имавме навистина помош од САД, така и во изградбата на идните големи инфраструктурни проекти во делот на енергетиката. Пред се, мислам на гасоводот кој ќе оди од ЛНГ терминалот од Грција преку Евзони и Богородица до Неготино. Исто така, разговаравме и за други инфраструктурни проекти како што е изградбата на Коридорот 8 и 10д, за коишто знаете дека со одлуката на нашиот парламент, двата патни правци ќе се градат од американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, истакна Ковачевски.

Тој изјави дека членството на Северна Македонија во ЕУ, треба да биде натпартиска обврска и одговорност на сите општествени чинители во земјата.

-Ние апсолутно сме земја која ги остварува своите стратешки цели, благодарение на одлуките кои што лидерството на државата во одредени моменти ги има носено. Вие знаете дека нашите внатрешни односи ги имаме уредено врз основа на Охридскиот рамковен договор и ние сме пример за држава во која етничките и сите други односи се уредени на највисоко ниво. Второ, со договорот од Преспа обезбедивме членство на земјата во НАТО, а минатата година со прифаќањето на преговарачката рамка ги започнавме преговорите со ЕУ. Сега, од нас зависи носењето на следните одлуки во однос на што побрзо зачленување на државата во ЕУ. Тоа е обврска на сите членови на парламентот, на сите политички партии бидејќи ова се натпартиски одлуки од кои зависи иднината на генерациите, на сегашната и на идните и подобриот живот кој со тоа се обезбедува за сите граѓани“, оцени премиерот Ковачевски.

Тој вели дека Северна Макеоднија веќе има 45 отсто усогласено законодавство со ЕУ, а скрининг процесот тече исклучително добро според извештаите кои ги добиваме од Брисел, што е реалност земјата во 2030 да стане членка на ЕУ.

-Јас го истакнав тоа дека доколку имаме политичка волја, храброст од страна на сите политички партии до 2030 година Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ, рече меѓу другото, Ковачевски во интервју за Гласот на Америка за време на неговата работна посета на САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK