Њукасл подготвен да му понуди на Рафиња 12 милиони евра по сезона

Напаѓачот на Барселона, Рафиња би можел да го напушти клубот следната сезона. Њукасл е фаворит за потпис со 26-годишниот играч, според „SportWitness“. „Страчките“ се подготвени да му понудат на Бразилецот 12 милиони евра по сезона (230 илјади евра неделно) за да го привлечат во Премиер лигата. Претходно беше објавено дека за Бразилецот се заинтересирани и Челзи и Арсенал. Рафиња дојде …

Continue Reading

На концертот nа крунисувањето во Виндзор настапија бројни ѕвезди

Новокрунисаниот британски крал Чарлс Трети и сопругата-кралица Камила вчеравечер беа пречекани со воодушевување од илјадници посетители на големиот концерт во замокот Виндзор, каде што настапија бројни музички ѕвезди. Кралот и кралицата седеа во кралската ложа, во придружба на другите членови на кралското семејство, вклучувајќи ги принцот и принцезата од Велс и нивните деца – принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Британскиот …

Continue Reading

Пакистан и авганистанските талибанци се договорија да ја зајакнат трговијата и да ги подобрат дипломатските односи

Пакистан и талибанските власти во Авганистан се договорија да ја зајакнат трговијата и да ги намалат тензиите долж нивната заедничка граница, откако неодамна имаше серија напади врз пакистанските безбедносни сили. Пакистанскиот министер за надворешни работи Билавал Буто Зардари и авганистанскиот министер за надворешни работи, назначениот од Талибанците, Мула Амир Кан Мутаки го склучија договорот вчера во Исламабад, соопшти пакистанската дипломатска …

Continue Reading

Синдикат на Филхармонија: Министерката се обидува да ги минимизира нештата

Синдикатот на Филхармонија не се согласува со изјавата на министерката за култура дадена во интервјуто за порталот „Рацин.мк“ дека „проблемот cо кавгата меѓу џез оркестарот и Филхармонија беше само технички и просторен“. Со нејзината последна изјава повторно неуспешно се обидува да ги минимизира нештата, како што тоа впрочем постојано го прави откако Министерството за култура ја донесе заткулисната одлука за …

Continue Reading

Вашингтон тврди дека Сирија не заслужува да се врати во Арапската лига

Министрите за надворешни работи на Арапската лига во вчера усвоија одлука за повторно примање на Сирија во организацијата по повеќе од една деценија суспензија. САД денеска го критикуваа повторното примање на Сирија во Арапската лига, наведувајќи дека Дамаск не заслужува да биде вратен во организацијата. Како што јавија светските агенции, Вашингтон изразил сомнеж во подготвеноста на сирискиот претседател Башар ал …

Continue Reading

Учениците во Србија почнуваат со настава, „Рибникар“ уште без настава

Сите ученици во Србија од денеска се враќаат на редовна настава, освен во ОУ „Владислав Рибникар“ каде беше извршено масовно убиство. Владините мерки стапуваат на сила, а од утрово распоредени се полицајци во сите 1.800 училишта во земјава кои ќе бидат присутни на сите јавни места каде што се собираат голем број граѓани, јави дописникот на МИА од Белград. На …

Continue Reading

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола ќе настапи на сцената Artturbina на Народниот театар во Тирана каде за тамошната публика ќе биде изведена претставата „Артуро Уи“ од Бертолт Брехт, во режија на Ќендрим Ријани. Од НУ Народен театар-Битола информираат дека после повеќе од 30 години, тоа ќе биде прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија, овој …

Continue Reading

Италијанскиот се изучува како втор странски јазик во 19 основни и осум средни училишта

„Италијанскиот јазик – еден јазик, многу можности“ е насловена конференцијата што денеска се одржува во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, прва национална конференција во државава посветена на италијански јазик во рамки на одбележувањето 30 години дипломатски односи со Италија. Конференцијата е организирана од Амбасадата на Италија и на иницијатива на актуелниот амбасадор во државава, Андреа Силвестри, кој истакна …

Continue Reading

Тринаесетто издание на Филозофскиот филмски фестивал од 2-9 јуни во Кинотека

одинешната максима, „Сè e филм, во множина“, на ниво на синтакса, повторува една Годарова постапка: брзиот и неочекуван монтажен засек. Затоа и запирката, која не е чест гостин во слогани, тука ни се чини и сосема посакуванa. Филозофскиот филмски фестивал кој ја негува и промовира мисловната, филозофско-eстетичка димензија на седмата уметност, годинава по 13. пат ќе се одржи од 2-9 …

Continue Reading