Пакистан и авганистанските талибанци се договорија да ја зајакнат трговијата и да ги подобрат дипломатските односи

pakistan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пакистан и талибанските власти во Авганистан се договорија да ја зајакнат трговијата и да ги намалат тензиите долж нивната заедничка граница, откако неодамна имаше серија напади врз пакистанските безбедносни сили.







Пакистанскиот министер за надворешни работи Билавал Буто Зардари и авганистанскиот министер за надворешни работи, назначениот од Талибанците, Мула Амир Кан Мутаки го склучија договорот вчера во Исламабад, соопшти пакистанската дипломатска служба.

Претходно, Буто Зардари и Мутаки разговараа со кинескиот министер за надворешни работи Чин Ган, кој помогна да се олесни дијалогот меѓу двете страни. Кина, исто така, има улога и во подобрувањето на односите меѓу Иран и Саудиска Арабија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK