Централна свеченост по повод Денот на полицијата – 7 Мај (во живо)

На сцената на Долни Сарај во Охрид се одржува централна манифестација по повод Денот на македонската полиција – 7 Мај.  Присуствуваат членови на Владата, како и министри за внатрешни работи и директори на полиции од европските држави, претставници на дипломатскиот кор и други гости. Предвидени се обраќања на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и на претседателот на ИНТЕРПОЛ, генерал …

Continue Reading

Николоски: Најдобар доказ дека законите за коридорите се скандалозни и сомнителни е реакцијата на ЕК која е против ставање на европско знаменце на законите во Собрание

„Имаме три главни проблеми, лошиот економски стандард, слаба реализација на проекти од страна на Владата за било кое населено место и третото е високото ниво на криминал и корупција. Ова се пораки каде секаде ги слушаме од граѓаните со кои се среќаваме“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при денешната теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ „Ова е Македонија за сите“ во …

Continue Reading

Претседателот на Тотенхем подготвен да ја плати ослободителната клаузула за Алонсо

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, е подготвен да плати ослободителна клаузула за менаџерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Како што објави „The Mirror“ раководството на лондонскиот премиерлигаш е сериозно заинтересирано за кандидатурата на фудбалскиот специјалист кој би можел да стане полноправна замена за Антонио Конте, кој си замина претходно оваа сезона. Леви најави дека желба му е да го плати …

Continue Reading

Детектор анкета: Жените и мажите се рамноправни, но постои полова дискриминација при вработување

Жените и мажите се рамноправни но сепак, постои полова дискриминација при вработување и жените почесто се жртви на мобинг. Вакви се ставовите на граѓаните во последното истражување на јавното мислење кое за истражувачко дебатната емисија Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според истражувањето, 52,6 проценти сметаат дека мажите и жените во државава се рaмноправни, односно имаат еднакви права …

Continue Reading

Здружението „Тиквешки семејни винарии” официјално станува економско-социјален партнер на МЗШВ

Здружението „Тиквешки семејни винарии” оваа година официјално станува економско-социјален партнер на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, истакна денеска во Кавадарци, Гоце Георгиевски, раководител на рурален развој во Министерството за земјоделство. Тој присуствуваше на манифестацијата „Ден на станушина” организирана од „Тиквешки семејни винарии”, во чест на единствената автохтона македонска сорта на грозје. – Последните четири години заедно ја градиме оваа …

Continue Reading

Алегри не брза да се радува на влегувањето на Јувентус во зоната на Лигата на шампионите

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, откако ја совлада Аталанта (2:0) во натпреварот од 34. коло на Премиер лигата, изјави дека е рано да се радуваме на Лигата на шампионите. – Дали е завршена борбата за Лигата на шампионите? Не, има уште многу натпревари и многу бодови пред нас. Победите на миланските тимови не ни даваат простор за опуштање, изјави Алегри. …

Continue Reading

Министерот Алиу за забраната на платформата Тик-Ток:

Изразуваме длабоко жалење и сочуство со семејствата на насраданите и граѓаните на соседна Србија. Во јавноста од неколку извори се споменува иницијатива за забрана на социјалната мрежа Тик Ток во државата, и до нас стигнуваат прашања на таа тема. Најпрвин, цензурата е регулирана со уставот на Република Македонија. Така да конечен став околу таква мерка, може да следи само по …

Continue Reading

СВР-Битола го одбележа Денот на македонската полиција

СВР-Битола Денот на македонската полиција го одбележа во Битола и селото Смилево. Според востановената традиција, припадниците на полицијата положија цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во дворот на СВР Битола и споменикот Ангел во паркот кај градскиот часовник во Битола. Полициски службеници од СВР Битола положија цвеќе и во село Смилево, Демир Хисар, на местото каде се поставени темелите на …

Continue Reading

Околу 23.000 луѓе избегаа од насилството во североисточна Индија

Околу 23.000 луѓе избегаа од етничкото насилство во североисточна Индија во кое загинаа 54 лица, соопшти денеска тамошната армија. Немири избувнаа во индиската држава Манипур каде протестниот марш организиран од племенска група во средата прерасна во судири, во кои беа запалени возила и куќи. Армијата распореди неколку илјади војници во земјата, која граничи со Мјанмар, и издаде наредби за употреба …

Continue Reading