СВР-Битола го одбележа Денот на македонската полиција

svr bitola policija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР-Битола Денот на македонската полиција го одбележа во Битола и селото Смилево.







Според востановената традиција, припадниците на полицијата положија цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во дворот на СВР Битола и споменикот Ангел во паркот кај градскиот часовник во Битола.

Полициски службеници од СВР Битола положија цвеќе и во село Смилево, Демир Хисар, на местото каде се поставени темелите на македонската полиција.

-Делегациите ја посетија спомен Куќата на Смилевскиот конгрес, каде на 7 мај пред 120 години е одржан историски конгрес на делегатите на Македонската револуционерна организација, обезбедувани од селска стража, чии никулци се содржани во денешната македонска полиција, информираа од СВР-Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK