Крунисувањето на Чарлс: Кралски симболи, потсетник на античката историја

– За време на крунисувањето на кралот Чарлс Трети ќе се видат обележја и најблескав накит, а тие предмети, освен што го прикажуваат раскошот на кралското семејство, имаат и симболична и физичка врска со минатото. Дел од најважните моменти од денешното крунисување: Две круни  Круната на Свети Едвард Круната на Свети Едвард, најважната од кралските круни, ќе биде ставена на …

Continue Reading

За нелегално поседување оружје и муниција во тетовскиот регион лани пријави против 22 лица, од почетокот на годинава пет

– Во тетовскиот регион за поседување оружје и муниција без дозвола во текот на изминатите четири месеци од 2023 година откриени се и добиле кривична пријави пет лица,  додека во 2022 година откриени се 22 кои се товарат за истото дело. Осомничените лица се соочуваат со кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ според …

Continue Reading

РКЕ издаде лиценци за 161 фото-електрична централа во првите четири месеци од годинава

– Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во првите четири месеци од годинава има издадено лиценци за 161 фото-електрична централа (ФЕЦ) со моќност од 54.8 мегават часови. -Енергетската транзиција е реалност и е директен одговор на енергетската криза. Во државава за шеснаесет месеци се вклучени на мрежа нови капацитети од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 207 MW, …

Continue Reading

Признанија за првите луѓе на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

 – Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) го посвети на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК при УКИМ) и остварувањата во афирмацијата на македонистиката. Од УКИМ денеска соопштија дека во знак за признание за посебен придонес за афирмацијата на македонистиката, доделиле благодарници на универзитетските професори – директори на МСМЈЛК …

Continue Reading

Бајден нема да присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, ќе имаат средба во јули

– Американскиот претседател Џо Бајден, кој нема да присуствува на денешното крунисување на Чарлс Трети, изјави дека ќе се сретне со британскиот крал во јули. Бајден посочи дека фокусот на средбата ќе биде ставен на прашањата поврзани со заштитата на животната средина. Претходно тој ќе биде на состанок на лидерите на земјите од НАТО што годинава ќе се одржи на 11. …

Continue Reading

Ковачевски: Со заштитата на македонскиот јазик ја заштитивме и суштината на нашето постоење

– Се гордеам што како држава, како народ, успеавме да добиеме шанса и статусот на македонскиот стандарден јазик да го втемелиме во европското законодавство. Да биде признат и почитуван од нашите меѓународни пријатели, дипломати, државници, да биде рамноправен со сите други јазици кои се зборуваат во Европската Унија, рече премиерот Димитар Ковачевски, во обраќање на приемот по повод 5 Мај – …

Continue Reading

Јапонските власти ја проценуваат штетата од силниот земјотрес

– Јапонските власти денеска ја проценуваат штетата предизвикана од силниот земјотрес во кој едно лице загина, а 29 се повредени. По земјотресот следеа повеќе од педесет последователни потреси. Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран вчера во 14.42 часот по локално време (7.42 часот по средноевропско време) во префектурата Ишикава. Најмалку 55 последователни потреси се регистрирани …

Continue Reading

Завојуваните страни во Судан ќе преговараат во Саудиска Арабија

– Двете завојувани страни во Судан денеска испраќаат пратеници во Саудиска Арабија на разговори за консолидирање на кревкиот договор за прекин на огнот, три недели по почетокот на борбите. Владите на САД и Саудиска Арабија потврдија дека денеска во градот Џеда на Црвеното Море ќе започнат директни разговори меѓу претставниците на завојуваните страни. Вашингтон и Ријад го водат посредувањето меѓу …

Continue Reading

Сојуз на средношколци: Да се делува брзо и ефикасно за да се превенираат и избегнат негативни ефекти

На покана на Министерот за образование и наука, Сојузот на средношколци учествуваше на вчерашната средба со универзитетските професори од областа на педагогијата,  психологијата, социологијата, правото и безбедносните науки, која се одржа во просториите на МОН. Оваа средба е првата фаза од консултациите за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на меѓуврсничкото насилство во училиштата. Став …

Continue Reading