Завојуваните страни во Судан ќе преговараат во Саудиска Арабија

sudan_334534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Двете завојувани страни во Судан денеска испраќаат пратеници во Саудиска Арабија на разговори за консолидирање на кревкиот договор за прекин на огнот, три недели по почетокот на борбите.







Владите на САД и Саудиска Арабија потврдија дека денеска во градот Џеда на Црвеното Море ќе започнат директни разговори меѓу претставниците на завојуваните страни. Вашингтон и Ријад го водат посредувањето меѓу конфликтните страни во Судан.

Се очекува овој викенд во Саудиска Арабија да престојува и Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден.

„Кралството Саудиска Арабија и САД ги повикуваат двете страни да ги земат предвид интересите на суданската нација и нејзиниот народ и активно да се вклучат во преговорите за прекин на огнот и крај на конфликтот“, се вели во соопштението.

Суданскиот де факто претседател Абдел Фатах ал-Бурхан се бори за власт со поддршка на војската против неговиот заменик Мохамед Хамдан Дагл, шеф на паравоените сили за брза поддршка (РСФ).

Двајцата генерали претходно ја презедоа контролата над Судан со заеднички воен удар. Сепак, спорот околу поделбата на власта доведе до отворен конфликт на 15 април во земјата со 46 милиони жители.

Според официјалните податоци на суданското Министерство за здравство, загинале повеќе од 500 луѓе, но набљудувачите велат дека вистинската бројка најверојатно ќе биде многу поголема. Прекините на огнот беа најавени неколкупати во текот на изминатите три недели, но ниту еден не се оствари, а многумина беа прекинати во рок од неколку часа откако беа објавени.

Договорот за прекин на огнот што стапи на сила во четвртокот веќе пропадна до петокот, со воздушни напади и тешки гранатирања пријавени во близина на претседателската палата во главниот град Картум.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK