За нелегално поседување оружје и муниција во тетовскиот регион лани пријави против 22 лица, од почетокот на годинава пет

pishtol_34534534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во тетовскиот регион за поседување оружје и муниција без дозвола во текот на изминатите четири месеци од 2023 година откриени се и добиле кривична пријави пет лица,  додека во 2022 година откриени се 22 кои се товарат за истото дело.







Осомничените лица се соочуваат со кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ според член 396 од Кривичниот законик.   За вакво сторено кривично дело предвидени се казни со затвор од три до десет години.

-Во изминатите четири месеци од годинава, регистрирани се 6 вакви кривични дела, во кои биле инволвирани пет (5) лица, кои биле опфатени со три (3) кривични пријави, а било пронајдено и одземено: 3 пиштоли, 1 ловечка пушка, 1 рачна бомба и 373 куршуми од различен калибар, 1 револвер, 2 полуавтоматски пушки, 1 ловна пушка, 2 рамки и 1 топовски удар. Во периодот за кој станува збор изготвени се и 20 прекршочни барања по Законот за оружје (член 80), најмногу за пронајдени ножеви, боксирачи, безбол палки, гасни пиштоли и така натаму. Без сопственик, пак, пронајдени и одземени се 2 гранати, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Минатата година 2022 на подрачјето на СВР Тетово вкупно регистрирани се 16 кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик. Во нив биле инволвирани 22 лица кои биле опфатени со 13 кривични пријави.

-Во овие кривични дела биле пронајдени и одземени :  2 пиштоли, 2 автоматски пушки, 2 ловечки пушки, 1 автоматски пиштол, 1 револвер, 1 сигнален пиштол  432 парчиња муниција, 9 патрони за ловечка пушка,, 4 рамки, 8845 петарди и 159 огномети. Покрај ова, по Законот за оружје (член 80) биле изготвени  56 барања за поведување на прекршочна постапка против 57 сторители, најмногу за поседување на метални боксирачи, ножеви и гасни пиштоли, информира портпаролот Јосифоски.

Во овој период изготвени се и три  барања за пронајдено оружје без сопственик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK