Украина останува без ракети „Патриот“; Џ.Д. Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта
Украина се соочува со критичен недостиг на противвоздушни ракети „Патриот“, а ситуацијата е многу лоша, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Во исто време, потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, го нарече прекинувањето на помошта за Киев едно од „најгордите“ достигнувања на администрацијата на Трамп, објави „Еуроњуз“. За време на посетата на Германија, Зеленски вчера за националниот радиодифузер ЗДФ изјави дека ситуацијата …
Continue Reading
Шефот на НАТО вети 60 милијарди долари воена помош за Украина
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вети дека членовите на Aлијансата ќе ѝ обезбедат на Украина 60 милијарди долари воена помош во 2026 година. Руте го објави ова денеска во Берлин, на отворањето на Контакт групата за одбрана на Украина, позната како Рамштајн формат. Се очекува членките на НАТО да ѝ обезбедат на Украина 60 милијарди долари воена помош оваа …
Continue Reading
Столтенберг: Ако на Трамп му се дозволи да го земе Гренланд, НАТО ќе ги изгуби своите вредности
Заканите на Доналд Трамп за повлекување на САД од НАТО треба да се сфатат сериозно, предупреди поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за ТВ 2. Столтенберг го водеше НАТО од 2014 до 2024 година, период во кој беше вклучен и првиот претседателски мандат на Трамп, во кој американскиот претседател, исто така, се закани дека ќе се повлече …
Continue Reading
Осмооделенец уби осум деца и еден наставник во училиште во Турција
Девет лица, меѓу кои осум деца, беа убиени денес во пукотница во средно училиште во југоисточна Турција, изјави турскиот министер за внатрешни работи Мустафа Чифчи, додавајќи дека 13 лица се ранети, а шест се во критична состојба. Зборувајќи со новинарите на прес-конференција во покраината Кахраманмараш каде што се случи крвопролевањето, Чифчи рече дека нападот бил „личен“ инцидент. „Ова беше чисто …
Continue Reading
Утре променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне во …
Continue Reading
Муцунски – Прево: Белгиска поддршка на Македонија во нејзината европска интеграција
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес во официјална посета на Република Северна Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево. Централни теми на разговорите беа напредокот, развојот и перспективите на севкупните билатерални политички и економски односи со Белгија, со посебен акцент …
Continue Reading
Германски министер: Не учествуваме во војната во Иран, но ги чувствуваме последиците
Германија, иако не е вклучена во војната во Иран, директно ги чувствува нејзините економски последици, изјави денеска германскиот министер за финансии, Ларс Клингбаил. Зборувајќи во Вашингтон на маргините на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд, Клингбаил нагласи дека конфликтот веќе негативно влијае на германската економија, објави „Ројтерс“. Запрашан за официјалните владини прогнози што ќе бидат презентирани следната недела, министерот рече …
Continue Reading
Маѓар објави видео, од далеку се гледа Орбан на балкон: Што мислите дека чита – неговиот проштален говор или спортски вести?
Победникот на неодамнешните унгарски избори и иден премиер, Петер Маѓар, објави видео од претседателската палата Шандор во Будимпешта, каде што претседателот му ја покажувал својата канцеларија. За време на обиколката, Маѓар го забележал поранешниот премиер, Виктор Орбан, на балконот од соседната зграда, седиштето на премиерот, како чита нешто. Потоа Маѓар се сврте кон камерата и ја коментираше сцената со зборовите: …
Continue Reading
Трамп објави слика од Исус како го прегрнува: „Ми изгледа доста убаво!!!“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави слика од Исус како го прегрнува, генерирана од вештачка интелигенција, на својата социјална мрежа Truth Social, со американското знаме во позадина. Тој напиша со објавата: „На радикалните левичарски лудаци можеби нема да им се допадне ова, но мене ми изгледа доста убаво!!!“, напиша Трамп. На сликата, која брзо се прошири на социјалните мрежи, Исус …
Continue Reading