Од водите на Преспанското езеро извлечено телото на скопјанец
Вчера во 13:15 часот во Преспанското езеро, кај туристичката населба Претор, специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар го извлече телото на 71-годишниот М.М. од Скопје, за кој на 08.08.2026 околу 12:20 часот во СВР Битола било пријавено дека скокнал од чамец во езерото кај село Сливница, ресенско, по веслата кои му паднале. Увид извршила екипа на СВР Битола – ОВР …
Continue Reading
Стојаноски: СДС ги меша инфлацијата со реалниот раст
СДС ги меша инфлацијата со реалниот раст – додека тие зборуваат за „колапс“, растат индустријата, извозот и капиталните инвестиции, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Последниве денови економските т.н. „експерти“ од СДС се обидуваат да создадат слика дека македонската економија е во криза, мешајќи го нивото на цените со инфлацијата и номиналните со реалните показатели. Официјалните бројки покажуваат нешто сосема друго. …
Continue Reading
„Зошто власта бега од анализа на водата во целата држава и објава на резултатите“, прашуваат од СДСМ
„Пет недели Гостивар нема безбедна вода за пиење. Во повеќе од 50 населени места низ државата водата не е безбедна. Во околината на Рашче тлее нова потенцијална еколошка и здравствена катастрофа. Загадена е водата за пиење и во Свети Николе – утврдени се микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа“, велат од СДСМ. „Затруени се реките Тополка и Бабуна, бела …
Continue Reading
Влен: Недим Рама го пријавил својот имот, ДУИ се крие зад соопштенија составени од прашалници
ДУИ денес повторно се обиде да конструира афера таму каде што има јавно пријавени, законски и целосно проверливи инвестиции. Од податоци што Недим Рама самиот ги пријавил во ДКСК, партијата која две децении создаваше семејни бизнис-империи состави соопштение со многу прашања, но без ниту еден доказ, реагираат од Влен на соопштението на ДУИ. Велат дека Недим Рама го пријавил својот …
Continue Reading
Битка за трофејот во Супер купот на УЕФА
Европскиот шампион Пари Сен Жермен и победникот на Лигата на Европа, Астон Вила, ќе се борат за трофејот од Суперкупот на УЕФА. Кој ќе биде поуспешен од двајцата големи шпански тренери – Луис Енрике или Унаи Емери? Купот го бранат ПСЖ. Натпреварот ќе се игра во Салцбург од 21:00 часот. Ова ќе биде 51-во издание на Суперкупот на УЕФА, а …
Continue Reading
„Политико“: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот
Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ целиот Балкан. Зеленски се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ за прв пат во Белград, а потоа изјави дека Украина нема да ја признае независноста на Косово, што дополнително ја влоши ситуацијата во регионот, пишува „Политико“. Одговорот од Косово пристигна речиси веднаш. Голем сино-жолт транспарент …
Continue Reading
(Видео) „Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале“, бара Андоновски
„СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. А зошто, бидејќи за периодот додека биле на власт има извештаи кои јасно укажуваат дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет“, вели Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар. „Во тој период, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: Филипче со другарите за да дојде на власт подготвен е да прави се
„Кога станува збор за СДС и актуелното раководство, другарите на Венко Филипче секојдневно сведочиме на лаги, манипулации, ширење на паника, како и наменско креирање на инциденти за да привлечат внимание“, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Во нивни стил за доаѓање на власт, во Ново Село пуштија лица кои се насилници, корисници на наркотични средства да направат инцидент. Тоа беа …
Continue Reading
Николоски на средба со претставници на една од најголемите туристички групации во Европа: „Постои потенцијал за нови инвестиции“
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со претставници на меѓународната туристичка групација „Корендон“. Во фокусот на средбата беа потенцирани можностите за остварување на соработка во областа на авиосообраќајот и туризмот. На средбата беше посочено дека подобрата авио поврзаност и отворање на нови пазари и услуги се од особено значење за континуираниот развој на …
Continue Reading