„Зошто власта бега од анализа на водата во целата држава и објава на резултатите“, прашуваат од СДСМ


depositphotos_390440204_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Пет недели Гостивар нема безбедна вода за пиење. Во повеќе од 50 населени места низ државата водата не е безбедна. Во околината на Рашче тлее нова потенцијална еколошка и здравствена катастрофа. Загадена е водата за пиење и во Свети Николе – утврдени се микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа“, велат од СДСМ.


„Затруени се реките Тополка и Бабуна, бела хемиска материја имаше во реката Лепенец и Вардар. Граѓаните од цела држава се во грч за тоа каква е водата. Во оваа ситуација, се поставува прашањето зошто власта на Мицкоски не прифаќа да се направи анализа на водата во цела држава и јавно да се објават резултатите?

Луѓето имаат право да знаат каква е водата што ја пијат. Станува збор за нивното здравје. Владата нека ги направи анализите и нека ги објави резултатите. Видовме до што доведе криењето на информации во Гостивар – 5000 луѓе затруени, секојдневно нови случаи, па дури и реинфицирани граѓани.

Не чекајте, направете ги анализите и објавете ги резултатите!“, бараат од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK