Тешко повреден штипјанец: управувајќи мопед изгубил контрола и паднал
Вчера околу 14:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на крстосницата од улицата „Сремски Фронт“ со улицата „Борис Крајгер“ во Штип, 59-годишниот Н.С. од Штип, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиника болница Штип. Извршен е увид од увидна кипа на СВР Штип.
Continue Reading
Филипче: Дата-центрите ќе ја трошат водата и струјата, а нема да создадат работни места
Дата-центрите што испод радарот ги договара власта заради нивни лични бизнис интереси, ќе трошат огромни количества вода и електрична енергија, а притоа нема да создадат речиси никакви работни места, предупреди претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. „Ние не сме против технолошкиот напредок на државата, туку сме против приватните бизнис-интереси на оваа власт и на премиерот Христијан Мицкоски да се остваруваат …
Continue Reading
(Фото) Општина Битола: Во изградба е спортската сала во Бистрица
Со децении нефункционален, сега во фаза на изградба, од некогашен културен дом ќе прерасне во мултифункционален објект, извести Општина Битола. Градежните работи се во тек, а денеска увид во нив направи градоначалникот на Битола Тони Коњановски и одговорните лица за овој проект. „Жителите на Бистрица ќе добијат објект за спортски, но и културни активности на површина од 386 метри квадратни. …
Continue Reading
Хоџа: Зелената агенда мора да премине од заложби кон конкретни резултати за граѓаните од Западен Балкан
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествува на Третиот министерски состанок за Зелената агенда за Западен Балкан (GAWB), што се одржува на 18 и 19 септември во Жабљак, Црна Гора, во рамки на претседавањето на Црна Гора со Берлинскиот процес за 2026 година. Во обраќањето на главната сесија „Зелена агенда за Западен Балкан – од заложби кон …
Continue Reading
Пронајден и уапсен бегалец од затворот „Идризово“
Денеска во 09:15 часот, полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка, Отсек за потрага по цел, во Дебар го лишиле од слобода лицето А.М. 33-годишник од Дебар, кое било во бегство од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“. Лицето е осудено на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик на Република …
Continue Reading
Малолетник истепан од соученик во основно училиште во Чаир
Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, 50-годишната Н.Е. од Скопје пријави дека околу 11:40 часот во основно училиште на подрачјето на Чаир, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
На 19 септември Отчет на ЗНАМ: „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија!“
На 19 септември, во Кино „Фросина“ во МКЦ Скопје, со почеток во 13,00 часот, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе го одржи големиот Отчет на избраните и именувани функционери на Движењето ЗНАМ. „Нo, ова нема да биде само промоција на една публикација. Ова ќе биде почеток на голем граѓански отчет за сработеното во изминатите две години – во Собранието, во …
Continue Reading
Семејно насилство во Крива Паланка
Вчера во 21:01 часот во ОВР Крива Паланка, 32-годишна жена од Крива Паланка пријави дека околу 20:55 часот во семејната куќа, нејзиниот свекор го нападнал нејзиниот малолетен син. Додека, пак во 21:20 часот свекорот пријавил дека бил физички нападнат од неговиот 38-годишен син. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.
Continue Reading
(Видео) Ивановски: Пругата Бељаковце – Крива Паланка се гради со силна динамика
„Бележиме засилени градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија, делница од Бељаковце кон Крива Паланка. Оваа делница е во должина од 34км. Во моментов засилено се гради најдолгиот мост број 7, во должина од 194м, еден од трите неизградени мостови, од вкупно 29 мостови“, објави на својот фејсбук профил директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски. „Парелелно се произведуваат бетонските …
Continue Reading