(Видео) Ивановски: Пругата Бељаковце – Крива Паланка се гради со силна динамика


pruga-beljakovce-krivapalanka-5.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Бележиме засилени градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија, делница од Бељаковце кон Крива Паланка. Оваа делница е во должина од 34км. Во моментов засилено се гради најдолгиот мост број 7, во должина од 194м, еден од трите неизградени мостови, од вкупно 29 мостови“, објави на својот фејсбук профил директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски.


„Парелелно се произведуваат бетонските елементи потребни за санација на 26 – те полуизградени мостови од 1990 – тите. Вкупно треба да се произведат 352 бетонски елементи а до моментов се произведени 71, со динамика од 10 неделно.

Вкупен прогрес на проектот е околу 40%. Проекцијата до крајот на оваа година да се стигне до 50% реализација на проектот.

Продолжуваме со засилено темпо до конечна реализација на овој капитален инфраструктурен проект“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK