Федерика Брињоне испиша историјата во Светскиот куп

На програмата е големото финале на Светскиот куп во женска кон куренција во Сан Вали, САД. Бидејќи спустот беше откажан поради ветер, Федерика Брињоне математички го обезбеди Кристалниот глобус. На овој начин Италијанката по втор пат во кариерата победи во Светскиот куп. Но, ова е историска титула, бидејќи таа ја освои на 34-годишна возраст, со што стана најстарата победничка во …

Continue Reading

Возел низ Скопје со над 100 километри на час и без важечка возачка дозвола

Вчера во 12.48 часот полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на бул.”Александар Македонски” во Скопје сопреле патничко возило фолксваген голф”, управувано од М.Е., затоа што го управувал возилото со брзина од 104 км на час во населено место каде дозволена брзина е 50 км на час. Покрај тоа, М.Е. го управувал возилото без важечка …

Continue Reading

Во масовни пукотници во Ново Мексико загинаа најмалку три лица

Најмалку три лица загинаа, а 14 се повредени во масовно пукање во парк во Лас Крус, Ново Мексико, соопшти  локалната полиција. Полицијата вчера ги повика минувачите да споделат видеа додека продолжува потрагата по осомничените за нападот што се случи во вчеравечер во паркот посетен од млади луѓе. Повредените се пренесени во блиските болници со брза помош и приватен автомобил. Полицијата …

Continue Reading

Бројот на критични пациенти од пожарот во Кочани се намалува, но им претстои долга борба на опоравување

Шест дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се намалува бројот на критичните пациенти кои се лекуваат во земјава и надвор од државата. Но, како што посочија вчера надлежните, борбата не е завршена, таа допрва претстои, почнува ризикот од инфекции и претстои можно влошување на состојбата. Сепак, утре се очекуваат протоколи за враќање во земјата на првите пациенти …

Continue Reading

Денес врнежи од дожд и умерен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Црна Гора не дозволи сензација во Никшиќ, го победи Гибралтар

Црна Гора со победа го започна квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство. Во Никшиќ, во првиот меч во Л групата, Црногорците потешко од очекувањата го победија Гибралтар со 3.1 Гибралтар го шокираше стадионот во Никшиќ во 13. минута од натпреварот кога поведе со голот на Бент. Во 22. минута искусниот Стеван Јоветиќ ги врати работите во нормала и погоди …

Continue Reading

Аталанта ќе го откупи договорот на Косуну од Баер Леверкузен

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, Одилон Косуну ќе биде новото засилување на Аталанта, која одлучи да ја искористи откупната клаузула за 24-годишниот дефанзивец. Косуну и се приклучи на Аталанта на едногодишна позајмица од шампионот во Бундеслигата, Баер Леверкузен во текот на летото. Клубот од Леверкузен изненадувачки се откажа од дефанзивецот кој минатата сезона беше редовен на „фармацевтите“. Баер од …

Continue Reading

Се откриваат скандали во градежништвото, од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над три илјади и до денес прегледавме 2.810 лиценци и бројката на одземени лиценци е веќе 427, објави вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој најави дека во вторник ќе бидат објавени финалните бројки и по име ќе бидат извадени …

Continue Reading

Тројца поранешни градоначалници на Кочани и уште 21 лице завршија во 30-дневен притвор за трагедијата во „Пулс“

Определена е мерка 30 дневен притвор за сите 24 лица за кои основното Јавно обвинителството во рамки на истрагата бараше изрекување на мерката, а во однос на истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животите ги загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени. Меѓу 24 лица за кои е одреден притвор се и тројцата градоначалници на …

Continue Reading