Денвер Нагетс го отпуштија Мајк Мелоун
По серијата лоши резултати, Денвер Нагетс му врачи отказ на првиот тренер Мајк Мелоун. Оваа информација ја објави познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, кој работи за „ESPN“. Мелоун беше тренер на Денвер 10 години, почнувајќи од 2015 година, кога во тимот од Колорадо пристигна Никола Јокиќ. Тие „пораснаа“ заедно и за една деценија заедничка работа го донесоа единствениот шампионат на …
Continue Reading
Шефот на ОН: Газа е поле за убивање а цивилите се во бесконечен круг на смртта
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска го отфрли новиот израелски предлог за контрола на испораката на помош во Газа, велејќи дека тоа може да доведе до дополнителни контроли и бесчувствително ограничување на помошта до последната калорија и зрно брашно. „Да бидеме јасни, нема да учествуваме во никаков аранжман што не ги почитува целосно принципите на хуманост, непристрасност, независност и …
Continue Reading
Од утре до петок посебен режим на сообраќај во Скопје
Во периодот од 09-11.04.2025 година (среда-петок) во официјална посета на Македонија ќе присуствува Уршка Клакочар Зупанчиќ, Претседател на државниот збор на Република Словенија. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе …
Continue Reading
(Видео) Зеленски објави снимка: „Заробивме двајца Кинези, се бореа на страната на Русија“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили заробиле двајца кинески војници во борбите на истокот на земјата. Според него, украинската војска се судрила со вкупно шест кинески војници, од кои двајца завршиле во заробеништво. Зеленски додаде дека побарал објаснување од Пекинг. Our military has captured two Chinese citizens who were fighting as part of the Russian army. This happened …
Continue Reading
(Видео) Маск го нарече советникот на Трамп идиот
Елон Маск му возврати жестоко на Питер Наваро, еден од главните советници на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го идиот. Зборувајќи за CNBC, Наваро рече дека Маск „не е производител, туку само составувач на автомобили“ кога станува збор за царините и трговијата. „Маск сака евтини странски делови, а ние сакаме да ги произведуваме дома“, рече Наваро. Овие коментари очигледно …
Continue Reading
(Видео) Се урна покрив на дискотека: најмалку 15 загинати, повеќе од 70 повредени во Доминиканската Република
Најмалку 15 лица загинаа, а повеќе од 70 се повредени откако рано утринава се урна покрив на ноќен клуб во Санто Доминго, главниот град на Доминиканската Република, соопшти Центарот за вонредни операции (ЦОЕ). Директорот за вонредни ситуации рече дека спасувачките екипи ќе бидат на терен се додека постои можност некој да е жив под урнатините. #DePlaneta | El techo de …
Continue Reading
(Видео) Полицијата во САД застрела тинејџер со аутизам: морале да му ја ампутираат ногата
Тинејџер се бори за живот откако полицијата го застрелала 9 пати во неговиот двор, јавува NBC. Виктор Перез беше ранет пред три дена во својот дом во Покатело, Ајдахо, набргу откако пристигнала полицијата. Видеото од мобилен телефон го прикажува моментот кога полицајците девет пати застрелаа 17-годишник со психички и физички предизвик, оставајќи го да се бори за живот додека неговото …
Continue Reading
Кој им дозволил на Вучиќ и новинарите да влезат кај пациентите од Македонија: студентите бараат одговорност
Заштитникот на граѓаните на Србија, Зоран Пашалиќ изјави дека ќе ги истражи сите околности наведени во шестото барање на студентите, кои сакаат да утврдат кој им дозволил на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и новинарите да влезат во одделението за интензивна нега на Клиничкиот центар на Србија (КЦС), каде што беа сместени повредените од пожарот во Северна Македонија, пренесуваат српските …
Continue Reading
Фрлена бомба во куќата на Јуси Бенајун
Еден од најпознатите израелски фудбалери Јуси Бенаџун преживеа бомбашки напад на неговата куќа во својата татковина. Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Арсенал и Челзи бил во својот дом со семејството кога мотоциклист излегол пред куќата и фрлил бомба на вратата. Експлозијата предизвикала пожар, а напаѓачот побегнал од местото во областа Рамат Харашон, северно од Тел Авив. Сето тоа …
Continue Reading