Познатиот модел привлече внимание во Њујорк, налетот на ветерот откри премногу
Хајди Клум го привлече вниманието на минувачите во Њујорк кога доживеа моден проблем. Познатата манекенка и водителка се појави во долг, црн фустан-сако со висок шлиц, а налетот на ветер речиси откри премногу. 51-годишната поранешна манекенка брзо се снајде, го покри шлицот со рацете и позираше за фотографите, насмеана, сето тоа додека двајца минувачи гледаа. Клум го надополни изгледот со …
Continue Reading
Засилени се безбедносните мерки околу базиликата во Рим каде што ќе биде погребан папата
Продолжија подготовките во базиликата Света Марија Маџоре во Рим, каде што папата Франциско ќе биде погребан во сабота. Безбедносните мерки околу базиликата се засилени со зголемувањето на бројот на посетители, јавува агенцијата Анадолија, според списанието „Феникс“. Во сабота, на 26 април, по погребот што ќе се одржи во 10 часот наутро во базиликата „Свети Петар“, ковчегот на папата Франциско ќе …
Continue Reading
Општина Центар го објави повикот за субвенции за велосипеди и тротинети
Општина Центар информира дека во тек е јавниот повик за доделување субвенции за велоспеди, е-велосипеди, е-тротинети, како и за дополнителна опрема. На повикот можат да се пријават сите граѓани кои имаат живеалиште во Центар, а проектот се одвива по принципот „прв дојден, прв услужен“. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите центарци да аплицираат и да поддржат одржлив транспорт. „Пред две …
Continue Reading
Приведен грчки државјанин на Табановце, во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства
Полицијата приведе грчки државјанин на Табановце, а во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства. „На 24.04.2025 околу 23.30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.К.(29) од Република Грција затоа што при гранична контрола и преглед во возилото со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени повеќе разновидни пиротехнички средства“, информира …
Continue Reading
Дрес на Коби Брајант продаден за седум милиони долари
Дресот на Коби Брајант во предсезоната и дебито во регуларната сезона со Лос Анџелес Лејкерс беше продаден за седум милиони долари на аукција во „Сотбис“ во Њујорк, објави аукциската куќа. Дресот се совпаѓаше со фотографии од седум натпревари од неговата дебитантска сезона 1996/1997, вклучувајќи го неговото деби во предсезоната на 16. октомври и дебито во регуларната сезона на 3. ноември …
Continue Reading
Судот го одобри обвинението за возачот што ја прегази Фросина
Судот го одобри обвинението за возачот Васил Јованов што ја прегази Фросина Кулавкова на пешачки премин на булеварот Партизански Одреди. „Ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителниот акт, го одобри обвинението на Основното јавно обвинителство со КО бр. 271/25 од 27.03.2025 година против осомничениот В.Ј. за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот …
Continue Reading
Оваа утринска навика е најопасна за здравјето на жените
Опивачкиот мирис на најпопуларниот пијалок во светот и кофеинот што го содржи се најдобриот начин да се започне денот. Или можеби не? Кафето е еден од најпопуларните напитоци во светот со причина, но треба да го знаете времето кога да го пиете и мерката за да работи во наша корист. Зошто пиењето кафе рано наутро има лош ефект врз жените? …
Continue Reading
Кличко: Можеби треба да им дадеме дел од земјата на Русите, не е фер, но е за мир
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави за Би-Би-Си дека Украина можеби ќе мора да отстапи дел од територијата како дел од мировниот договор со Русија, поради зголемениот притисок од претседателот Доналд Трамп да прифати територијални отстапки. „Едно од сценаријата е да се отстапи територија. Тоа не е фер. Но, за мир, привремен мир, можеби тоа може да биде решение, привремено“, …
Continue Reading
ХЕРА: Дополнителни 2,5 милијарди или 15 % раст на БДП, доколку вработеноста на жените е иста како кај мажите
Дополнителни 2,5 милијарди или 15 % раст на БДП, доколку вработеноста на жените е иста како кај мажите, ова е заклучокот од Националната конференција од проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, во организација на ХЕРА, со поддршка на Британска амбасада. За Економски придобивки од родовата еднаквост зборуваше Бранимир Јовановиќ од Виенски институт за интернационални економски …
Continue Reading