Левица: Економијата расте на хартија, сиромаштијата расте во реалноста
Додека власта си мери економија во проценти, народот мери со празни паричници и недостижна потрошувачка кошничка. Додека од една страна Мицкоски и неговите министри секојдневно зборуваат за позитивни трендови и раст на економијата, од друга страна зголемената сиромаштија, ниските плати и растечките цени не претставуваат позитивен тренд за работникот, пензионерот, студентот, велат од Левица. Според оваа партија, инфлацијата и понатаму …
Continue Reading
Богојески донесе одлука за раскинување на договорите со тројца евалуатори
Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, донесе одлука за раскинување на договорите со тројца евалуатори и нивно исклучување од базата на надворешни експерти. Како што велат од Агенцијата, лицата биле вклучени во процесот на евалуација без претходно да имаат завршено соодветна обука за оценување на апликации за доделување на грантови, што претставува сериозно отстапување …
Continue Reading
Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите
Падот на Македонија за 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“, е уште еден алармантен показател за погрешната насока во која оди државата под власта на ДПМНЕ, велат од СДСМ. „Репортери без граници оценуваат дека независните медиуми се изложени „на закани и напади“ и констатира дека владините функционери имаат тенденција да …
Continue Reading
Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2025 година
По повод денот на монетарната самостојност, Народната банка традиционално ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Добитничка на првата награда за 2025 година е Јасна Тоновска, асистентка и докторантка на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за трудот со наслов „Волатилноста на меѓународните финансиски …
Continue Reading
Флешмоб со танц ја раздвижи Гевгелија- одбележан Меѓународниот ден на танцот
Гевгелија, на 30 април 2025 година, пулсираше во ритамот на музиката и движењата, откако 200. ученика од 4. одделение од гевгелиските училишта учествуваа во флешмоб организиран по повод Меѓународниот ден на танцот. Настанот, што се одржа на плоштадот во центарот на градот, беше дел од априлската програма за манифестацијата „Гевгелија град на култура 2025“. Флешмобот започна со тактови на енергична …
Continue Reading
Муцунски: Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава
Во рамки на работната посета на Јапонија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Шохеј Хара, заменик-претседател на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), надлежен за соработка со Европа. Како дел од владината делегација, на средбата присуствуваа и министерот за култура Зоран Љутков и генералниот секретар на Владата Игор Јанушев. Во фокусот на разговорите беа …
Continue Reading
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина
Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија, сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна. „САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат …
Continue Reading
Англија ќе има шест претставници во Лигата на шампионите
Англиската Премиер лига, заедно со шпанската Ла Лига, обезбедија пет места во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 поради најдобриот коефициент на УЕФА. Во новиот систем на натпреварување, откако Лигата на шампионите беше проширена од 32 на 36 клуба, две дополнителни места секоја сезона одат во лигите со најдобар коефициент. Минатата година, Болоња и Борусија Дортмунд профитираа од ова правило, …
Continue Reading
Солунскиот државен симфониски оркестар првпат во Скопје
Солунскиот Државен Симфониски Оркестар за прв пат во неговото 66 годишно постоење настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 Мај 2025 19.30 часот, со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел со специјални гости од двете земји, како водечката Грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и светски реномираниот пијанист Симон Трпчевски од РС Македонија. Со Оркестарот ќе диригира реноминираниот Грчки …
Continue Reading