Агенцијата за филм на 78. издание на Канскиот филмски фестивал

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и оваа година активно ќе учествува на 78. издание на престижниот Кански филмски фестивал, во рамките на Филмскиот маркет (Marché du Film), кој претставува една од најзначајните светски платформи за промоција и развој на филмската индустрија. Почнувајќи од 2010 година, Агенцијата континуирано има свој промотивен штанд во рамките на Павилјонот на земјите од …

Continue Reading

Мицкоски: Достоинствени ќе бидеме дел од европското семејство, нашата посветеност кон евроитеграциите ќе се засили во периодот кој што следи

Присуството на претседателот на Европскиот совет, господинот Кошта, не е само потврда на нашата длабока дипломатската соработка, туку и реален чин на внимание, поддршка и интерес за иднината на нашата држава и за иднината на Западниот Балкан да биде наскоро дел од Европската Унија. Во оваа нова етапа, кога граѓаните ја препуштија одговорноста на новата македонска влада, моја обврска како …

Continue Reading

Меџити: Во Чаир почнува реализација на мега-проект вреден речиси 1,5 милиони евра

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, присуствуваше на започнување на градежните работи за реконструкција на водоводниот и канализацискиот систем во населбата Дижонска, општина Чаир, во вредност од 88 милиони денари владин грант. Меџити пред присутните жители истакна дека со реализацијата на овој, како што …

Continue Reading

Денови на Крали Марко во Прилеп

Меѓу настаните кои претставуваат традиционални културни обележја на град Прилеп се и „Денови на Крали Марко“, кои се одржуваат кон средината на месец мај, со што се одбележува годишнината од загинувањето на легендарниот крал и се промовира Прилеп како град каде што живеел најпознатиот јунак на епското народно творештво, не само кај Македонците, туку и пошироко на Балканот. Манифестацијата ќе …

Continue Reading

За 2025 година, Владата утврди квота од 10.000 работни дозволи за странци, изјави Дурмиши

За 2025 година, Владата на Република Северна Македонија утврди квота од 10.000 работни дозволи за странци. Оваа бројка е резултат на внимателна анализа на состојбата на пазарот на труд и изразените потреби од работна сила во различни сектори, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на регионалната конференција за трудова миграција што се одржува во Будва, во организација на …

Continue Reading

Лимани: Нашата визија е општество во кое секое дете има можност да расте во сигурна, грижлива и поттикнувачка средина

По повод 15 Мај Меѓународниот ден на семејството, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија Фатих Улусој, испратија пораки до јавноста. „Денес, по повод Меѓународниот ден на семејството, заедно со амбасадорот на Турција, ги реафирмираме нашите долгогодишни пријателски односи и нашата заедничка посветеност кон унапредување на семејството како …

Continue Reading

Тошковски во Дубаи: Македонија со големо значење во регионалната стабилност и европската безбедност

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати учествуваше на Светскиот полициски форум – глобална платформа за безбедносна соработка, технолошки иновации и иднината на полициското работење, која обединува полициски лидери и експерти од над 100 држави. Тошковски во своето обраќање на самитот даде осврт на улогата на Македонија како стратешки позиционирана држава на Балканот, …

Continue Reading

За три години на патиштата загинале 457 лица, објави Државниот завод за ревизија

Во периодот од 2020 до 2023 година на државните патишта се случиле 31.176 сообраќајни несреќи во кои загинале 457 лица, покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија. Оценето е дека мерките и активностите кои ги преземаат надлежните иако придонесуваат за подобрување на безбедноста, сепак, не се ефикасни за намалување на бројот на жртвите до посакуваната состојба на национално и …

Continue Reading

Муцунски во Анталија: подвлечен придонесот на државата како стабилен и конструктивен сојузник на НАТО

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес во Анталија, Турција, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО. Состанокот се одржа во пресрет на Самитот на НАТО во Хаг и претставуваше значаен аспект од консултативниот процес меѓу сојузниците за дефинирање на клучните елементи и приоритети во врска со прашањата што ќе бидат …

Continue Reading