Општина Ѓорче Петров со јавен оглас за финансиска поддршка на спортски клубови, здруженија и спортисти за 2025 година

Општина Ѓорче Петров објави јавен оглас за распределба на финансиски средства за поддршка на спортски клубови, здруженија, спортисти и спортски манифестации за 2025 година. Право на учество имаат сите спортски субјекти и организатори на спортски настани со седиште или активност на територија на Општина Ѓорче Петров, како и оние чии проекти ќе се реализираат на нејзиното подрачје. Краен рок за …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Дали Филипче моментално е во Дубаи, влезен со златната виза заедно со Заев по приватен бизнис

Откако неколку денови го прашуваме директно на прес-конференции Филипче, за потеклото на неговата виза, тој сиве овие денови не бил тука, туку во Дубаи? Венко Филипче вчера далеку од тука, најверојатно уживајќи на грчките плажи или пак на увид на градежни активности на 50катница во Дубаи, заедно со својот партнер и ментор Заев пишуваше фејсбук статуси за памфлетот од Закон …

Continue Reading

(Видео) Јакимовски: Легализацијата на еден од објектите за кој бев осуден ја водел адвокатот Панче Тошковски

Легализацијата на еден од објектите за кој бев осуден, ја водел како полномошник, адвокат Панче Тошковски, човекот кој заедно со Миле Јанакиевски беше дел од тимот што го изготвуваа законот за легализација, изјави денеска градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски на прес конференција на која презентираше нови докази кои, како што рече тој, ја потврдуваат неговата невиност во осудителната пресуда. „Овие …

Continue Reading

(Видео) Русија: Турција ги одложи преговорите за попладне; Зеленски пристигна во Анкара

Предложените разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за четврток попладне на иницијатива на турската страна, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Рускиот претседател Владимир Путин предложи директни преговори со Украина во Истанбул во неделата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во турската престолнина Анкара во четврток на средба со турскиот шеф на државата, Реџеп …

Continue Reading

Реал и Борнмут го договориле трансферот на Хујсен

Дин Хујсен, младиот дефанзивец на Борнмут, кој неодамна наполни 20 години, е блиску до трансфер во Реал Мадрид. Хујсен е второто засилување за новата сезона, откако претходно Реал се договори со десниот бек Трент Александер-Арнолд. Фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо напиша на „Твитер“. „Менаџерите на Хујсен пристигнаа во Мадрид за да го склучат договорот со Реал. Клубовите се согласија за сè, …

Continue Reading

Општина Кисела Вода спроведува акција за уредување на зеленилото

Општина Кисела Вода спроведува голема акција за косење на нараснатата трева на јавните површини. Во акцијата се вклучени сите сезонски работници, кои со тримери темелно ја уредуваат зелената површина низ целата територија на општината. Од Општината информираат дека денес се работи на трим патеката, која поради убавото време интензивно се користи од граѓаните за рекреација и прошетки, како и на …

Continue Reading

Државниот симфониски оркестар од Солун првпат доаѓа во Скопје

Државниот симфониски оркестар од Солун првпат во неговото 66 годишно постоење ќе настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 мај со почеток во 19.30 часот. Оркестарот ќе настапи со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел со специјални гости од двете земји, како водечката грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и нашиот светски реномиран пијанист Симон Трпчевски. Со Оркестарот ќе …

Continue Reading

Конститутивната седница на Собранието на Косово одложена по 16. пат

Конститутивната седница на Собранието на Косово денес беше одложена по шеснаесетти пат, откако повторно не беше прифатен предлогот на движењето Самоопределување за одржување тајно гласање за избор на претседател на Собранието. 55 од присутните 111 пратеници гласаа за формирање на комисија која ќе го надгледува тајното гласање. Седницата е закажана да продолжи во сабота, 17 мај, во 10:30 часот. Самоопределување, …

Continue Reading

(Видео) Фудбалер на Реал обвинет за дистрибуција на детска порнографија

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, е обвинет за дистрибуција на детска порнографија, а судот во Шпанија отвори кривична постапка. 22-годишникот ќе се соочи со обвиненија по завршувањето на полициската истрага, заедно со тројца поранешни соиграчи од младинскиот тим на Реал. Асенсио е обвинет дека нарачал видео снимено од Феран Руиз, Андрес Мартин и Хуан Родригез во јуни 2023 година, …

Continue Reading