Ти Џеј Шортс е MВП втора година по ред

Кошаркарот на Париз, Ти Џеј Шортс, беше прогласен за најкорисен играч (MВП) на француското првенство. Втора година по ред репрезентативецот на Македонија да доминира во Франција и ја добива престижната награда. . Шортс одигра 24 натпревари оваа сезона во француското првенство, постигнувајќи просек од 16,9 поени и осум асистенции, со 59,1 процент реализација од поле. Не треба да заборавиме дека …

Continue Reading

Ноќва ќе се смрзнеме, УХРМ предупредува за минусни температури

Наспроти најавите за потопло време, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека ноќва и утре изутрина температурите во некои делови на државата ќе се спуштат под нулата. Се очекуваат минимални температури од -1 до 7 степени Целзиусови, а дневните ќе достигнат од 14 до 26 степени. Од УХМР информираат дека следува период на стабилно и топло време, кој ќе трае …

Continue Reading

„Шахтерм“ ќе инвестира 50 милиони во Скопје, прва фабрика надвор од Турција

Со поставување камен темелник денеска официјално започна реализацијата на инвестицијата на турската компанија „Шахтерм“, производител на грејачи и отпорници за бела техника и електрични апарати, во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) – Скопје. Во првата фаза, инвестицијата ќе изнесува 25 милиони евра и ќе отвори 200 нови работни места, додека во втората фаза се планира вкупна инвестиција од 50 милиони евра …

Continue Reading

Израел е канцероген тумор, мора да се искорени, порача Хамнеи

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска упати жестоки обвинувања на сметка на Израел, нарекувајќи ја државата „опасен, смртоносен канцероген тумор“ кој, според него, треба да биде целосно искоренет од Блискиот Исток. „Без сомнение, во овој регион, изворот на корупција, војна и конфликт е ционистичкиот режим – опасен, смртоносен канцероген тумор – и тој мора да биде искоренет, и …

Continue Reading

„Мудис“ го урна највисокиот рејтинг, Трамп во незгодна ситуација

Агенцијата за кредитен рејтинг „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Соединетите Американски Држави од највисокото ниво „Ааа“ на „Аа1“, наведувајќи ја загриженоста за експлозивниот раст на јавниот долг кој достигна 36 трилиони долари. Овој потег претставува сериозен удар за администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која се обидува да ги намали даноците и да ја стабилизира економијата. „Мудис“, која ѝ го …

Continue Reading

Пукал со воздушна пушка кон деца кои му береле цреши во дворот

69-годишен жител на Свети Николе е приведен откако пукал со воздушна пушка од терасата на својот дом кон неколку деца кои береле цреши од дрво во неговиот двор, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил на 16 мај 2025 година во 14:00 часот на улицата Питу Гули во Свети Николе. Според информациите од СВР, осомничениот В.И. (69) бил …

Continue Reading

Жена нападната на паркинг во Аеродром, полицијата ја бара сторителката

Жена била физички нападната од друго женско лице на паркинг пред угостителски објект во скопската општина Аеродром, по претходен конфликт во сообраќајот, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што соопшти СВР Скопје, инцидентот се случил на 15 мај 2025 година околу 14:30 часот. Случајот бил пријавен само пет минути подоцна од страна на нападнатата Д.Б. (45) од Скопје. „Според …

Continue Reading

Двајца прилепчани осомничени за подметнат пожар, третиот е во бегство

Двајца мажи од Прилеп и еден од селото Ореше се сомничат дека со употреба на запалива течност намерно предизвикале пожар кој целосно уништил викенд куќа кај село Капиново, општина Чашка. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, СВР Велес поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство против Ѓ.П. (56) од Ореше и двајцата прилепчани – С.М. (40) и Д.Д. (37), …

Continue Reading

Прилепчанец „оперирал“ во фирма, полицијата го фати со пленот во раце

Полициски службеници од СВР Битола ноќеска го приведоа  Е.Б. од Прилеп, откако го затекнале при извршување кражба на плац сопственост на правно лице во Битола. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 17 мај 2025 година, околу 01:10 часот на улицата Македонски Гемиџии во Битола. Осомничениот бил фатен на лице место, а украдените предмети биле веднаш …

Continue Reading