Златаната копачка за Килијан Мбапе

Златната копачка за најдобар европски стрелец оваа сезона заврши во рацете на Килијан Мбапе. Главни конкуренти на Французинот му беа Виктор Џекерес од Спортинг и Мохамед Салах од Ливерпул. Иако не постигна повеќе голови од Џекерес, поради системот на коефициенти на лигата, тој освои најмногу поени, 62 за 31 постигнат гол. Џекереш заврши на второто место со 58,5 поени за …

Continue Reading

Украина: Заробивме речиси илјада руски војници во Курск

Украинските сили заробиле 971 руски војник за време на неколкумесечната офанзива во руската Курска област, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина. Во соопштението се наведува дека операцијата била клучна за спроведување на размената на заробеници. Објавата доаѓа еден ден по завршната фаза на размената „1000 за 1000“, при што Украина врати дома 303 свои воени заробеници. Договорот за размена …

Continue Reading

Приведен тинејџер од Куманово поради брзо возење во населено место

Полицијата го приведе 19-годишниот С.М. од Куманово поради брзо возење во населено место. Според информацијата од МВР, при контрола на патниот сообраќај констатирано е дека тој управувал„бмв“ со брзина од 91 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. Полицијата најавува кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

Continue Reading

Санкционирани сто непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар во текот на една недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 19.05. до 25.05.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 100 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ. „ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила …

Continue Reading

(Видео) 11 лица застрелани во Јужна Каролина

Најмалку 11 лица се повредени во масовно пукање во неделата навечер во Литл Ривер, град во американската држава Јужна Каролина, јавува Анадолија. Нападот се случил околу 21:30 часот. по локално време, а засега нема детали за можните мотиви или осомничени, соопшти полициската управа на округот Хори. Повредените се префрлени во локалните болници, а полицијата предупреди дека бројот на жртви може …

Continue Reading

Иднината на Тудор мора да биде решена пред почетокот на клупскиот Мундијал

Игор Тудор ги предупреди челниците на Јувентус дека нема намера да го предводи тимот на Светското клупско првенство доколку клубот одлучи да доведе нов тренер за сезоната 2025/26. Тудор ова го изјави по драматичната победа на Јувентус во Венеција (3:2), со која „старата дама“ избори место во Лигата на шампионите. Спортскиот директор Кристијано Џунтоли претходно изјави дека клубот ќе донесе …

Continue Reading

Преполно на Линч на 15. Филозофски филмски фестивал, следи гостување на Мартин Ередеро Кампо

Првите четири фестивалски дена од 15. Филозофски филмски фестивал поминаа во возбудлива атмосфера и убава посетеност.  Покрај отворањето на фестивалот, видно најпосетена беше проекцијата на „Изгубен автопат“ од Дејвид Линч, во којашто гостинот од Турција, Озер Озкантар, одржа излагање на тема „Изгубени автопати на умот: истражување на кинематографската филозофија на Дејвид Линч“. Публиката ја погледна првата половина од филмовите во …

Continue Reading

Оперскиот спектакл „Турандот“ од Џакомо Пучини на 27 мај во рамките на 53. Мајски оперски вечери

Националната опера и балет ја најавува спектакуларната изведба на оперското ремек-дело „Турандот“ од Џакомо Пучини на 27 мај 2025 година, со почеток во 20.00 часот. Настанот е дел од програмата на 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Диригент е Џанлука Мартиненги од Италија, режијата, сценографијата и костимографијата се дело на светски реномираниот режисер Џанкарло дел Монако, чие име е …

Continue Reading

„Како се дефинира квалитет кај фирма без искуство“, прашува СДСМ за тендерот за униформите во МВР

„Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е фатен жив во огромна корупциска шема. Откако вчера јавно призна дека МВР доделило тендер вреден 4 милиони евра и на фирма основана само 20 дена пред распишување на тендерот се скри и не одговори на клучните прашања кои ги поставивме“, велат од СДСМ. „Наместо да се крие и да се претставува како борец …

Continue Reading