(Видео) 11 лица застрелани во Јужна Каролина


Screenshot-2025-05-26-095551.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 11 лица се повредени во масовно пукање во неделата навечер во Литл Ривер, град во американската држава Јужна Каролина, јавува Анадолија.


Нападот се случил околу 21:30 часот. по локално време, а засега нема детали за можните мотиви или осомничени, соопшти полициската управа на округот Хори.

Повредените се префрлени во локалните болници, а полицијата предупреди дека бројот на жртви може да се зголеми.

Властите потврдија дека истрагата е во тек и ги повикаа граѓаните да ја избегнуваат областа додека детективите продолжуваат да собираат докази.

Овој напад се случува во време на растечка загриженост за насилство со оружје на популарните јавни места низ САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK