Луис-Скели потпиша нов договор со Арсенал
Мајлс Луис-Скели ја продолжи соработката со Арсенал и потпиша нов петгодишен договор. 18-годишникот си обезбеди место во првиот тим во текот на изминатата сезона. Дебитираше во септември, во дуелот против Манчестер Сити, а оттогаш одигра 39 натпревари. Својот прв гол го постигна во победата од 5:1 против истиот ривал, а го доби и својот прв повик во сениорската репрезентација. Својот …
Continue Reading
Папата: Конфликтите на Блискиот Исток беснеат со ѓаволски интензитет
Папата Лав денес изјави дека конфликтите на Блискиот Исток беснеат со „ѓаволски интензитет“ без преседан и повика на поголемо почитување на меѓународното право, обраќајќи се пред католичките бискупи и претставниците на хуманитарните агенции што работат во регионот. На состанокот одржан во Ватикан, папата рече дека земјите во регионот се „уништени од војни, ограбени од посебни интереси“ и дека „облак од …
Continue Reading
Мицкоски: По седум години застој градиме интерконектор за гас со Грција, од увозно зависна земја, ќе станеме земја која извезува електрична енергија
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека конечно по 7 години застој се работи на интерконекторот за гас со Грција и стануваме земја низ која ќе транзитира гас, што заедно со другите проекти во енергетиката од увозно зависна земја, ќе нè направат земја која извезува електрична енергија што ќе влијае позитивно во финансиските биланси. Во …
Continue Reading
Од 1 јули целосна забрана за движење во шумите
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални шуми – Скопје, согласно член 57, став 3 од Законот за шумите, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6:00 до 20:00 часот, на територијата со која стопанисува јавното претпријатие. Забраната, како што е појасенот од страна на надлежните, …
Continue Reading
Стојаноски: Конечно се зборува за тоа колку километри автопатишта се градат, тоа е едно нормално, коешто граѓаните на оваа држава го заслужуваат
На денешната собраниска седница, посветена на пратенички прашања свое обраќање имаше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој постави три прашања кои се однесуваа до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Стојаноски праша кои се идните чекори коишто се планирани во насока на подобрување на здравствената инфраструктура, бидејќи како што кажа тој истото е една од општествените сфери кои најмногу ги интересираат …
Continue Reading
(Видео) Шортс ги избриша солзите, па премина во Панатинаикос
Плејмејкерот и член на идеалниот состав на Евролигата, Ти-Џеј Шортс, повеќе не е член на Париз, а клубот сподели видео порака во која натурализираниот репрезентативец на Северна Македонија, висок 175 см, се збогува со шампионите на Франција. „Постојат многу емоции зад оваа одлука и дефинитивно не ми беше лесно да го напуштам Париз. Ова беше мој дом две години“, започна …
Continue Reading
Прво изградба на болниците во Штип и Кичево, а потоа клинички центар во Скопје, порача Мицкоски
„Од првиот ден откако бевме избрани како Влада, здравството беше централна тема и ако се сеќавате мојот прв теренски настан и изјава беше токму од Клиничката болница во Штип“, порача премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање. Тој рече дека состојбата во здравството која ја затекнала била хаотична. „Она кое што го затекнавме во здравството навистина беше една алармантна состојба. …
Continue Reading
Mинистерството за енергетика е пример за тоа како чесно и транспарентно се работи за поставување на темелите на енергетската независност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ
Новоформираното министерство за енергетика е пример за тоа како чесно и транспарентно се работи за поставување на темелите на енергетската независност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Според владејачката партија, Министерството за енергетика за само една година направи резултати кои се видливи, граѓаните добиваат стабилен, модерен и независен енергетски систем. „СДС денес повторно ја користи …
Continue Reading
(Видео) Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ
На денешната седница на пратенички прашања, претседателот на СДСМ Венко Филипче со предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска со најавите за можно прифаќање на амандман во Европскиот парламент што би го релативизирал статусот на македонскиот јазик. „Се поставува прашањето: дали е загрозен јазикот и идентитетот?“ – праша Филипче. Тој потсети на конкретни документи кои јасно го утврдуваат македонскиот …
Continue Reading