(Видео) Руски град на 1.300 километри од украинската граница нападнат со дронови
Украинските беспилотни летала нападнаа повеќе цели низ Русија и окупираниот Крим преку ноќ, вклучувајќи го и рускиот град Ижевск, на повеќе од 1.300 километри од украинската граница, објавија руските власти и локалните канали на Телеграм. Жителите на Ижевск пријавија експлозии рано утрово, додека локалните власти потврдија напад со беспилотно летало врз објект во градот. Александар Бречалов, шефот на руската Удмуртска …
Continue Reading
Знаци кои покажуваат дека не внесувате доволно протеини
Често слушаме колку е важно да внесуваме доволно протеини, но многу луѓе сè уште се прашуваат дали ги задоволуваат своите дневни потреби. Протеините се клучни за поправка на клетките, одржување на мускулите, хормонска функција и имунитет. Ако не внесуваме доволно, може да се појават разни симптоми кои често се игнорираат или се припишуваат на други причини. Препорачаниот дневен внес е …
Continue Reading
Вeнс: Ерата на американската доминација во светот е завршена
„Американските лидери по Студената војна претпоставуваа дека американскиот примат е загарантиран, но светот се промени“, вели потпретседателот на САД. Нишалото на глобалната моќ се поместува, а најголемите соперници на Америка, како што се Кина и Русија, се закануваат и ја доведуваат во прашање моќта на Соединетите Американски Држави во клучните области. „Со растечката конкуренција од Русија, Кина и други земји, …
Continue Reading
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадено јагне и јаре
Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија. Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози …
Continue Reading
Полицијата пронајде 20 тела и пет човечки глави на автопат во Мексико
Дваесет тела, некои обезглавени, беа пронајдени на мост на автопат во дел од Мексико каде што се борат фракции на нарко-картелот Синалоа, соопштија вчера мексиканските власти, објави Си-би-ес Њуз. Четири обезглавени тела беа пронајдени покрај патот, додека 16 тела беа откриени во напуштено возило, соопшти канцеларијата на државниот обвинител на државата Синалоа. Пет човечки глави беа пронајдени во торба на …
Continue Reading
Перикар „испука“ сервис од 246 километри на час
Францускиот тенисер Џовани Мпеши Перикард го сруши рекордот на Вимблдон на првиот ден од третиот Гренд слем во сезоната. Тенисерот, познат по својот убиствен сервис, го оправда својот углед во натпреварот од првото коло против Тејлор Фриц. Во првиот поен, тој сервираше со брзина од 239,8 километри на час, соборувајќи го рекордот на Тејлор Дент од 2010 година (238,2). Тоа …
Continue Reading
Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски
В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката. Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно …
Continue Reading
Мотоциклист усмрти пешак во Скопје
Седумдесет и двегодишен пешак загина во сообраќајна несреќа во Скопје. Во него удрил мотоциклист кој е уапсен. Според информациите на МВР, вчера околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски национални ознаки, управуван од М.О.(22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г.(72) од Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, …
Continue Reading
(Фото) Герасимовски со водњанци: Реконструирани 20 улици во општината, приоритет се безбедноста и подобра инфраструктура во маалата
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во рамките на караванот „Се гледаме во маало“, се сретна со жителите на Водно. Средбата помина во конструктивна атмосфера, каде отворено беа споделени проблемите и предлозите за унапредување на маалото. Жителите побараа поставување урбана опрема на повеќе локации, а изразија загриженост за безбедноста во сообраќајот, поради несовесните возачи. Побараа „лежечки полицајци“ и сообраќајни знаци …
Continue Reading