Стружанец повреден со нож по расправија, полицијата трага по напаѓачот

Вчера, околу 17 часот, во станицата на полицијата во Струга било пријавено дека во близина на струшкото село Враништа дошло до вербална расправија помеѓу две лица, по што едно од нив нападнало со нож 51-годишен маж од селото Лабуништа. Нападнатиот С.Г. се здобил со повреди по телото, а напаѓачот е во бегство. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и …

Continue Reading

Алиу: Дигитализацијата не е технолошки луксуз, туку предуслов за ефикасно здравство

Дигитализацијата не е технолошки луксуз, туку предуслов за правично, ефикасно и отчетно здравство. Затоа започнавме со подготовка за измена на 12 основни закони од здравствениот систем, изјави министерот за здравство, Азир Алиу. Тој кажа дека секој закон ќе биде третиран од посебна експертска работна група, затоа што, како што рече, модерно здравство не се гради со импровизации, туку со прецизни, …

Continue Reading

ССНМ: Апелот на Министерството за здравство претставува потенцијална цензура

Повикот на Министерството за здравство да не се снимаат, фотографираат и да не се земаат какви било изјави од лицата кои се рехабилитираат од повредите од пожарот во Кочани, предизвикува сериозна загриженост за слободата на медиумите, но и за одбраната на јавниот интерес, смета Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Од таму додаваат дека новинарите и медиумските работници најдобро …

Continue Reading

Владата со бесплатни инвитро процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Македонија повеќе од една деценија се соочува со сериозна фертилитетна рецесија и ја истакна неопходноста од итни чекори, но и промена на начинот на размислување во општеството. Како дел од предвидените владини мерки, Стаменкоска-Трајкоска зборуваше за шест бесплатни инвитро процедури, стимулација за прво и второ дете, како и даночни олеснувања за мајките. …

Continue Reading

Засилени контроли на пловните објекти во Охридското Езеро, откриени 22 прекршоци

Во текот на вчерашниот ден во заедничка контрола на инспектори од Капетанија на Пристаништа Охрид, Езерската полиција како и од Полициска станица Охрид, направени се зајакнати мерки и активности согласно Законот за Внатрешна пловидба во период од 14 до 20 часот, соопшти Министерството за транспорт. Од таму додаваат дека се контролирани 13 пловни објекти и 13 физички лица и се …

Continue Reading

Креативна летна авантура крунисана со детски ликовни дела

На 4 јули 2025 година, во дворот и просториите на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, свечено беше отворена Завршната изложба на Детската ликовна летна школа. Изложбата претстави колоритна и инспиративна поставка од оригинални дела, создадени од најмладите љубители на уметноста. Просторот беше исполнет со енергија, насмевки и чувство на гордост, додека посетителите- родители, наставници, пријатели и останатата љубопитна …

Continue Reading

Отворена истрага за шест лица од Скопје и Куманово за трговија со дрога

По краткотрајниот притвор и прибирање на сите неопходни докази во оваа фаза, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска и формално отвори истрага против шест лица за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. „Во временскиот период од 01.05.2025 година до 03.07.2025 година, осомничените шест лица заедно, во повеќе наврати со умисла извршиле …

Continue Reading

Филков: Градиме институции што работат за граѓаните, а не за привилигираните

По една година од формирањето на Владата, Министерството за правда презентира јасни резултати од процесот на рестартирање на правосудниот систем. Од нефункционална институција со затекнати долгови, блокирани механизми и изгубена доверба, Министерството денес се позиционира како столб на реформите и гарант на владеењето на правото, изјави министерот за правда, Игор Филков. Додаде дека изминатите 12 месеци, подготвени се и доставени …

Continue Reading

Kaндидатот за градоначалник на Цирих потекнува од Куманово

Прпарим Авдили, чијашто фамилија потекнува од Кумановско, е номиниран за кандидат за градоначалник на Цирих од страна на Либералната партија (ФДП). Веста ја објави самиот преку Фејсбук, каде што спомена дека е дете на имигранти кои се доселиле во Цирих. „Пораснав во Цирих, дете на имигрантско семејство. Одев на училиште во Алтштетен и Албисриден и сè уште редовно играм фудбал …

Continue Reading