Сообраќајот на патот кај Блаце е пренасочен поради пожар

Сообраќајот на патот кај Блаце е пренасочен поради пожар, информира АМСМ. „Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце е пренасочен во двата правци поради појава на пожар на потегот по БП Дизел, спроти базата на „Гранит“, се вели во информацијата.

Continue Reading

Муцунски домаќин на катарскиот државен министер за надворешни работи, Султан Бин Саад Ал Мураики

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на државниот министер за надворешни работи на Државата Катар, Султан Бин Саад Ал Мураики, кој престојува во официјална посета на нашата држава. Двајцата министри се согласија дека посетата претставува потврда за споделените вредности и заемната посветеност кон подинамичен развој на билатералните односи, со посебен акцент на економските врски …

Continue Reading

Детали за сообраќајката кај Бит Пазар: велосипедистот со тешки повреди пренесен во болница

МВР со детали за вчерашната сообраќајна несреќа што се случи кај Бит Пазар, а во која учествуваа автомобил и велосипедист. „На 08.07.2025 во 13.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната С.А. и велосипед управуван од А.Ј.(32), …

Continue Reading

ЈАВЕН ОГЛАС БР.01/2025 ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ВРШЕЊЕ НА ОПШТИНСКИ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ – ГРАДСКА ЛИНИЈА 1 И ГРАДСКА ЛИНИЈА 2

Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09-7951/10 од 11.06.2015 година,  Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр.08-12305/34 од 06.12.2021 година, Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид бр.08-9420/7 од 12.07.2022 година …

Continue Reading

Папата Лaв: Светот гори поради вооружените конфликти и глобалното затоплување

Папата Лав денес го прекина двонеделниот одмор за да одржи посебна миса со која ги повикува католиците да се грижат за создадениот свет, за справување со глобалните климатски промени. „Светот гори поради вооружените конфликти и глобалното затоплување“, рече папата. „Мора да се молиме за многу луѓе кои сè уште не ја гледаат итноста од грижата за нашиот заеднички дом“, рече …

Continue Reading

Алиу-Ле Риголер: потенцирани дигиталната трансформација, зголемената транспарентност и подобрената достапност на здравствените услуги

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес се сретна со амбасадорот на Република Франција, Кристоф Ле Риголер. На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка во областа на здравството, со акцент на можностите за размена на искуства и добри практики во процесите на дигитализација на здравствениот систем, зајакнување на кадровските капацитети и спроведување на заеднички иницијативи за јавно здравје. Алиу …

Continue Reading

Институциите ја губат контролата со пожарите, импровизациите на власта удираат по здравјето на граѓаните, велат од СДСМ

Хаосот и слабата организација со која институциите ја дочекаа сезоната на пожарите ја прават Македонија небезбедна за граѓаните и нивниот имот. Истовремено има десетици пожари на кои се дејствува доцна и со недоволни ресурси, граѓаните сами се снаоѓаат и се борат со огнот на многу места низ земјата, реагираат од СДСМ. Според оваа партија, последните пожари во близина на Скопје …

Continue Reading

Орбан ѝ порача на Фон дер Лајен: „Време е за заминување“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ѝ порача на претседателката на Европската комисија дека е време да си замине. Орбан објави слика од Урсула фон дер Лајен со натпис „Време е да си замине“. Утре, Европскиот парламент ќе разгледа и ќе гласа за недоверба на фон дер Лајен. Иницијативата е поврзана со одлуката на Европскиот суд, кој ги прогласи процедурите на Европската …

Continue Reading

Советот на Општина Карпош се противи на одлуката на Владата за одземање на спортската сала „Партизан“

Со 14 гласови за и 7 против, Советот на Општина Карпош го изгласа Заклучокот за усвојување информација за донесената „Одлука за престанок и за давање на трајно користење на недвижна ствар на Министерството за спорт“, од Владата на РСМ, соопштија од Општина Карпош. Станува збор, како што појаснуваат, за Заклучок според кој Советот на Општина Карпош се противи на Одлуката …

Continue Reading