Алиу-Ле Риголер: потенцирани дигиталната трансформација, зголемената транспарентност и подобрената достапност на здравствените услуги


IMG-20250709-WA0001.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес се сретна со амбасадорот на Република Франција, Кристоф Ле Риголер.


На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка во областа на здравството, со акцент на можностите за размена на искуства и добри практики во процесите на дигитализација на здравствениот систем, зајакнување на кадровските капацитети и спроведување на заеднички иницијативи за јавно здравје.

Алиу ја истакна заложбата на Министерството за градење модерен, праведен и ефикасен здравствен систем, при што ги потенцираше реформските насоки насочени кон дигитална трансформација, зголемена транспарентност и подобрена достапност на здравствените услуги.

Двајцата соговорници ја нагласија важноста на француско-македонските односи и изразија подготвеност за интензивирање на соработката, вклучително и преку конкретни проекти во интерес на пациентите и здравствените работници во земјава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK