Бендевска: Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ
По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, одбележа 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. „На хероите …
Continue Reading
Леклер ја грабна пол-позицијата на Хунгароринг
Шарл Леклер ги шокира возачите на Мкларен во квалфикациите за трката на Големата награда на Унгарија. Возачот на Ферари ја освои 27. пол позиција во кариерата, до неа дојде со резултат 1:15.327 минути. Мекларен, најдоминантниот тим сезонава во првенството на Формула 1, доминираше на тренинзите и во првите две квалификациски сесии, но двајцата возачи разочараа во последното излегување на патеката. …
Continue Reading
Газа: 169 луѓе починаа од глад, над 320.000 деца се соочуваат со акутна неухранетост
Министерството за здравство во Газа денес објави дека уште седум Палестинци, меѓу кои и едно дете, починале од глад и неухранетост. Новите смртни случаи, регистрирани во последните 24 часа, го зголемија вкупниот број на смртни случаи поврзани со глад од октомври 2023 година на 169, вклучувајќи 93 деца, се вели во соопштението. Министерството предупреди дека хуманитарната криза во Газа се …
Continue Reading
СВЕЖО ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА ИЛИНДЕНЦИТЕ
По повод големиот национален празник – 2. Август – Денот на Републиката, денеска делегација на Општина Охрид, предводена од претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на илинденците во Градскиот парк. Во знак на почит и сеќавање на илинденските херои, свежо цвеќе положија и пратеници, претставници на Сојузот на борци, претставници на јавни …
Continue Reading
Заврши љубовта меѓу ПСЖ и голманот Донарума
Дефинитивно пукна љубовта меѓу Џанлуиџи Донарума и Пари Сен Жермен. Еден од најзаслужните за освојувањето на титулата во Лигата на шампионите ќе го напушти „Паркот на принцовите“. Актуелниот европски шампион одлучи да го отстрани италијански голман од списокот на првиот тим, бидејќи не сака да го продолжи договорот. Донарума, кој дојде во Париз во 2021 година, побара поголема плата, но …
Continue Reading
Нов земјотрес на Камчатка, регистриран афтершок со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала
Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран денес на Камчатка, на растојание од 196 километри од регионалниот главен град Петропавловск-Камчатски, соопшти огранокот на Геофизичката служба на Руската академија на науките (РАН) на Камчатка. Како што е наведено, земјотресот е регистриран на длабочина од 59,8 километри, пренесува РИА Новости. Директорката на подружницата на оваа служба во Камчатка, …
Continue Reading
(Фото) Сиљановска-Давкова: Мора да го искорениме плевелот на корупцијата и криминалот, време е за нова пролет на нашата македонска република
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на чествувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката на Мечкин Камен во Крушево. Во својот говор, Сиљановска-Давкова рече дека е „време за нова пролет на нашата македонска република, за навраќање на републиканските корени“. „Што значи тоа? Македонските граѓани од својата република очекуваат барем две нешта ̶ слобода и правда. Кога зборувам за …
Continue Reading
Винисиус ја одби понудата на Реал за нов договор
Шпанскиот „Кадена СЕР“ објави дека Винисиус Жуниор ја одбил последната понуда на Реал Мадрид за продолжување на договорот. Според овој извор, менџерскиот тим на фудбалерот, понудата ја оцениле како неприфатлива. Бразилецот бара плата која ќе биде речиси иста како платата на Килијан Мбапе и игра на „сè или ништо“ оваа сезона за да оправда зголемување на платата. За потсетување, драмата …
Continue Reading
Финска, Норвешка и Шведска под жештина невидена од 1961 година
Земјите од Северна Европа, познати по својата студена клима, се соочуваат со интензивни топлотни бранови, со температури над 30 степени Целзиусови во подолг временски период. Во норвешкиот дел од Арктичкиот круг, метеоролошките станици регистрирале температури над 30 степени Целзиусови дури 13 дена во јули, додека Финска имала три последователни недели со температури од 30 степени, пишува денес британскиот „Гардијан“. Според …
Continue Reading