Дел од општина Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).
Continue Reading
Зголемена фреквенција на возила, на Богородица и Дојран се чека околу 30 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица и ГП Дојран времето на чекање е околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез …
Continue Reading
Во Албанија активни се 14 пожари, горат големи површини
Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу потврди дека во земјата 14 пожари се уште се активни и зафаќаат големи површини. Во објава на социјалните мрежи, наведува дека во гаснењето на неколкуте големи пожар на југот на земјата, освен противпожарни единици, армиски, полициски сили и доброволци, вклучени се и хрватски и шведски авион „Канадер“. Венгу додава дека се очекува пристигнување на …
Continue Reading
Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа, предупредува Советот за безбедност на ОН
Спроведувањето на израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа на истоимената палестинска територија, каде што Израел војува речиси две години, се заканува да предизвика нова катастрофа што би се почувствувала во целиот регион, предупреди денеска високиот функционер на ОН Мирослав Јенча. Јенча, заменик-генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, на вонредната седница на Советот за безбедност …
Continue Reading
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени е регистриран денеска во западна Турција во регионот Баликесир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД). Земјотресот е почувствуван и во Истанбул и низ целиот регион на Мармара и Егејот. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од …
Continue Reading
(Видео) Модриќ дебитираше во дебаклот на Милан
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го одигра својот прв натпревар за Милан откако пристигна како слободен агент. „Росонерите“ дожевеаја дебакл на „Стемфорд Бриџ“, на генералната проба пред почетокот на новата сезона. „Сините“ ги декласираа со резултат од 4:1, а Модриќ го одигра целото второ полувреме за гостите од Милано. Во моментот на влегување во играта, Челзи водеше со автогол на Андреј …
Continue Reading
Четири пациенти со тешки телесни повреди се примени на хируршките клиники во Скопје
Четири пациенти со тешки телесни повреди беа примени денеска на хируршките клиники во Скопје по вооружена пресметка на улиците во Тетово. Како што соопшти Министерството за здравство на КАРИЛ е примен 32-годишен пациент со прострелна рана во предел на граден кош, тешка телесна повреда. На Детска хирургија е примено 12-годишно дете со прострелна рана во предел на десна натколеница. На …
Continue Reading
Попладнево избувна голем пожар кај ресенското село Долно Дупени
Попладнево избувна голем пожар кај ресенското село Долно Дупени, во непосредна близина на Преспанското Езеро. Благодарение на брзата реакција на екипите на Територијалната противпожарна единица Ресен, викендиците и куќите од селото се спасени од огнената стихија. Моментално, огнот се движи кон непристапен терен, каде што гаснењето е отежнато. Два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување веќе се вклучени …
Continue Reading
ДСЗИ ќе врши вонреден надзор откако пациентка на 30 години почина во болницата во Тетово
Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка во Инфективното одделение во Општата болница во Тетово. „Јавноста ќе биде навремено известена по завршувањето на постапката за утврдување на фактичката состојба. Министерството за здравство останува посветено на транспарентноста, одговорноста и обезбедување на квалитетна здравствена заштита за сите граѓани“, се …
Continue Reading